Новиот автомобил на Тојота го презема воланот наместо вас кога патот е лош

Јапонскиот гигант Тојота очигледно се инспирирал од изјавата дека автомобилот неретко е нашето најдобро другарче, па така го создадоа моделот кој е програмиран да се поврзе со вас и да ги чита вашите емоции.

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-01_copy.jpg

Опишан како „Футуристичко и едноставно, но топло и забавно за возење“, автомобилот „Toyota Concept-I“ ја прикажува визијата на компанијата за иднината, кога станува збор за подвижноста и транспортот.

Ова интересно возило има првенствено задача да се фокусира на оној кој седи позади воланот. „Сметаме дека иднината е автомобил кој може да се поврзе со луѓето“, изјавуваат од Тојота.

„Toyota Concept-I“ има вграден систем на вештачка интелигенција по име „Yui“, кој има цел да го научи распоредот и траекториите на мобилното движење на сопственикот, истовремено мерејќи и проценувајќи ги емоциите на возачот.

Виертуелниот асистент „Yui“ мониторира неколку работи истовремено, како вниманието на возачот и условите на патот и воедно ја подобрува и безбедноста при возењето. Тој ве информира за потенцијалната опасност која може да предизвика судар со друг автомобил, човек или објект.

Системот овозможува вклучување на самостојно автоматизирано возење како поддршка на возачот кога има лоши услови на патот. „Yui“ користи светлечки елементи и звуци за да комуницира со возачот.

Овој комфорен автомобил со полиран внатрешен бел ентериер на Тојота ни дава барем малку претстава за тоа како ќе изгледаат автомобилите на иднината.

Тојота сè уште официјално ја нема потврдено цената на новиот футуристички модел, но се шпекулира дека тој ќе биде најскапиот автомобилот во линијата со цена над $1.500.000 долари.

Погледнете го новиот „Toyota Concept-I“:

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-02_copy_copy.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-03.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-04.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-05.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-06.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-07.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-08.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-09.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-10.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-11.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-12.jpg

Noviot-avtomobil-naTojota-go-prezema-volanot-namesto-vas-koga-patot-e-los-13.jpg

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg