Прва помош за возачи во зима: Што да правите ако вратата се заглави, прозорите замрзнат...

Кога автомобилот ви треба уште рано наутро, а не можете да го запалите, тогаш дефинитивно ја презирате зимата.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-01.jpg

Но, не мора да биде така.

Автомобилот може да ви биде веднаш употреблив и во зима, само треба да знаете како правилно да го одржувате.

Замрзнати стакла

Како да го решите проблемот? Измешајте оцет и вода во размер 3:1 и напрскајте го стаклото.

Превенција: Измешајте 600ml алкохол, 200ml вода и малку сјај за миење садови и напрскајте на стаклото.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-1.jpg

Замрзната брава која не се отклучува

Како да го решите проблемот? Средството за дезинфекција на раце може да ви помогне да го отклучите автомобилот.

Превенција: Напрскајте WD-40 и мала е веројатноста дека ќе ви се замрзне бравата во текот на зимата.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-2.jpg

Заглавена врата која не се отвора

Превенција: Ставете обичен спреј за печење и повеќе вратата нема да се замрзнува.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-3.jpg

Замаглен прозорец

Како да го решите проблемот? Избришете го стаклото со сунѓер за табла со маркери.

Превенција: Наполнете стар чорап со песок за мачки кој апсорбира влага.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-4.jpg

Мраз на ретровизорите

Превенција: Само покријте ги преку ноќ со пластични кеси и истите зацврстете ги со ластиче. Следното утро тргнете ги кесите.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-5.jpg

Замаглени и замрзнати светла

Превенција: Добро исчистете ги светлата, а потоа нанесете тенок слој на восок. Светлото нема да замрзнува со недели.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-6.jpg

Ако се заглавите во снег

Како да го решите проблемот? Во багажот секогаш чувајте барем еден пакет песок за мачки. Кога ќе се заглавите фрлете малку од смесата под гумите и брзо ќе излезете.

7-avto-trikovi-za-vo-zima-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-i-nervi-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg