Волво - најсигурнo возило
Најголемата автомобилска организација на светот германскиот ADAC спроведе темелно истражување врз различни автомобили, според кое се...
... докажало дека Волво XC60 е најдобар во конкуренција на 6 други добри модели.
Во склоп на автомобилот, Волво поседува најдобар резултат поради фактот дека константно става акцент на избегнувањето на несреќи. Возачот е секогаш предупреден дека следи можна опасност со помош на многубројните сензори кои ги поседува автомобилот.
При мали брзини под 30 километри на час дополнителната технологија која ја поседува возилото го предупредува возачот доколку пред него се појави возило кое не е во движење. Во таква ситуација ги активира кочниците со цел автомобилот да застане на време.
ACC активниот систем за предвдување на брзината и растојанието на автомобилот е достапен во моделите Волво XC60, XC70, V70 i S80, а ќе биде понуден и во новиот модел Волво S60 кој се прослави на женевскиот саем за автомобили.