Македонeцот Славче Таневски го дизајнираше новиот Mercedes-Benz GLC Coupé и го претстави своето дело во Македонија

Огромен успех за талентираниот и успешен дизајнер на автомобили, Славче Таневски со потекло од Македонија, кој за само неколку години професионална кариера успева да добие шанса, самостојно да креира нов модел на Mercedes-Benz, GLC Coupe.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-5.jpg

„Навистина сум среќен што ја добив шансата да дизајнирам автомобил за најстариот и најголемиот автомобилски бренд во светот Mercedes-Benz; но уште повеќе ме прави среќен што денес сум во Македонија, споделувајќи го успехот со вас“, изјави Славче Таневски, вработен во дизајн центарот на Mercedes-Benz, во Штудгарт.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-1.jpg

Дизајнерот Таневски, од Скопје заминува на студии во Германија, на Универзитетот за применети науки во Минхен, изучувајќи транспортен дизајн. Учествува на неколку конкурси за дизајн на автомобили, за потоа неговиот талент да биде забележен од страна на Mercedes-Benz добивајќи ја нивната поддршка прво во изработка на дипломската работа, а потоа во 2011-та година да добие и понуда за работа.

За кусо време, односно по само три години работа во Mercedes-Benz, на Таневски му се оставрува и најголемиот сон, самостојно да изработи дизајн на нов модел, односно на GLC Coupe, што е привилегија само на помал број дизајнери во светот.

„Би сакал да ги поттикнам сите луѓе воопшто, независно од годините или занимањето, да бидат исклучително упорни на патот до успехот, но и да знаат да поднесат пораз, да бидат вистински професионалци, а успехот само тогаш е неизбежен, изјави младиот дизајнер од Mercedes-Benz, Славче Таневски.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-2.jpg

Претставувањето на новиот модел GLC Coupe, чија официјална светска продажба почнува за 3 дена, односно на 17ти септември е претставен во салонот на Мак Аутостар во Скопје.

„Денеска не претставуваме само нов модел на автомобил, туку успех на еден Македонец. Лично го познавам Славче Таневски од самиот почеток во Mercedes и навистина е посебна неговата љубов и посветеност кон убавото, дизајнот, кон професијата“, изјави Владица Кокаловиќ, директор на маркетгинг во Mercedes-Benz Мак Аутостар.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-3.jpg

Каков е новиот модел GLC Coupe?

Динамичен и експресивен, накусо опишан новиот модел на Mercedes-Benz GLC Coupé.Тоа е модел кој ги обединува типичните стилски елементи на купе и SUV возило, со импресивни карактеристики во однос на безбедноста, напредните помошни системи и исклучително спортскиот динамичен карактер.

Спортската суспензија, директното управување, системот со различни програми на возење DYNAMIC SELECT, погонот на 4 тркала со 9-степениот автоматски менувач 9G-TRONIC, придонесуваат за лесно, супериорно возење и спортска агилност.

Достапни се две варијатни на потпирање на возилото, новиот систем DYNAMIC BODY CONTROL со челични прижини, како и веќе познатиот AIR BODY CONTROL со воздушна суспензија. И двете суспензии овозможуваат поголема удобност и динамичност при возењето.

Со должина од 4,73 метри и висина од 1,6 метри и должината на меѓуоскиното растојание од 2,87 метри, новото GLC Coupe е за околу 8 см подолго и 4 см пониско од стандардната верзија ан GLC, кои во основа ја имаат истата архитектура.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-4.jpg

Совршена комбинација на дизајн елементи

Впечатливите детали на предниот дел на возилото се доминатни, почнувајќи од т.н. „дијамантска предна решетка“ со централно поставена ѕвезда, куси предни и задни испусти од тркалата и SUV детали. Иновативните предни светла, LED технологија со високи перформанси и светлосен белег карактеристичен за Mercedes-Benz.

Страничниот поглед на возилото го истакнува купе дизајнот, преку типичните надворешните контури и помалиот стаклен простор.

Следејќи ја дизајн филозофијата на надворешноста, внатрешноста на возилото содржи типични купе елементи, кои во основа го истакнуваат модерниот луксуз. Континуирани линии, долга, едноделна конзола ја прави внатрешноста елегантна и пространа.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-8_copy.jpg

DYNAMIC BODY CONTROL или AIR BODY CONTROL

Новиот GLC Coupé стандардно е опремен со спортска суспнезија, вклучително и системот кој овозможува 5 различни начини на возење - DYNAMIC SELECT и тоа: ECO, COMFORT, SPORT, SPORT+ и INDIVIDUAL.

DYNAMIC BODY CONTROL - спортска суспензија со челични пружини и прилагодлива амортизација е достапна како опција,а заедно со неа и со функцијата DYNAMIC SELECT, возачот може да ја прилагоди амортизацијата според својот начин на возење.

Единствено во овој сегмент, новото GLC Coupé може дополнително да биде опремено и со воздушна суспензија со повеќе комори - AIR BODY CONTROL, систем кој во однос на вообичаеното воздушно потпирање, овозможува постојано прилагодување на амортизацијата. При избор на програмата за возење, Sport+ , се добива чувство дека возењето е како во спортски автомобил, со висок степен на динамичност, крута амортизација и пониска за 15 мм.

Дополнителен клучен параметар за спортските карактеристики кај новиот GLC Coupé во споредба со стандардната верзија на GLC SUV е повратниот систем за директно управување (сооднос 15.1:1), кој нуди уште поголемо директно управување.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-9.jpg

Клучни параметри за поголема енергетска ефикасност

Новото GLC Coupé поседува супериорна аеродинамичност, со коефициент на отпор на воздухот Cd=0,31,  кој е лидер во својот сегмент, но исто така располага и со други дизајнерски елементи кои придонесуваат за поголема ефикасност на возилото.

Кон ова се вклучува и тежината на возилото, при што верзијата GLC 250 4MATIC Coupé тежи 1710 килограми, што повторно го става овој модел меѓу најдобрите меѓу конкурентите. Намалување на тежната се должи на употреба на микс од алуминиум и челик со највисок степен на цврстина.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-10.jpg

Осум варијанти на моделот, а на врвот Mercedes-AMG

Новиот GLC Coupé е достапен во осум верзии и може да се изберат четири дизел и четири бензински мотори, вклучително и plug-in хибрид, како и моќниот Mercedes-AMG модел.

На почеток на располагање ќе бидат дизелските верзии со 4-цилиндрични мотори GLC 220 d и GLC 250 d 4MATIC coupé со моќност од 125 kW (170 кс) до  150 kW (204 кс) како и 4-цилиндричниот бензински мотор GLC 250 4MATIC coupé со моќност од 155 kW (211 кс).

Со GLC 350 e 4MATIC Coupé, Mercedes-Benz нуди plug-in хибрид модел кој има голема моќност, но мала потрошувачка на гориво и ниска емисија на штетни материи, кој развива крајна брзина на движење од 235 км/час и моќност од 235 kW (320 кс). Автономијата на движење како електрично возило изнесува 30 км.

За љубителите на уште подинамично возење, достапен е моделот Mercedes-AMG GLC 43 4MATIC Coupé, со V6 biturbo мотор кој ослободува моќност од 270 kW (367 кс), а забрзувањето до 100 км/час изнесува помалку од 5 секунди.

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-13.fw.jpg

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-11.jpg

makedonecot-slavce-tanevski-go-dizajnirase-noviot-mercedes-benz-glc-coupe-i-go-pretstavi-svoeto-delo-vo-makedonija-12.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg