BMW M3 GTS

Легендарната ознака "CSL" всушност била замислена како "GTS", но филозофијата останала иста, помала тежина, повеќе коњски сили и унапредување...

 

... на возните состојби.

Најголемо внимание кај овој нов модел предизвикува предниот карбонски сплитер, задното крило и 19 цолните мат црни алуминиумски фелни на кои се наоѓаат гуми со димензија од 225/35 напред и 285/30 од позади.

Во спартанската внатрешност не се нашло место за климатизација, навигациски уред и аудио систем, но затоа тука се тркачките спортски седишта. Отфрлањето на некои од овие елементи довело и до помала тежина на овој модел, која била сведена од 1.680kg на 1.490kg.

bmw-m3-gts1

Во врска со овој анорексичен третман морало да страда и задната шофершајбна на чие место е употребена пластика, додека пак издувниот стандарден систем е заменет со полесен титаниумски.

Црешата на крајот е срцето на овој ѕвер кое се наоѓа во неговиот 4,4 литарски мотор кој развива дури 450 коњски сили, кои до тркалата се пренесуваат преку 7 степен автоматски менувач.

Од компанијата BMW изјавуваат дека максималната граница на овој автомобил е лимитирана на 250km. М3 GTS ќе биде произведен во ограничена количина и ќе чини 115.000 евра без данок, а првите испораки ќе започнат во мај наредната година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg