Hummer го купија кинези
Sichuan Tengzhong е компанијата која го купи мнозинскиот пакет акции на американската автокомпанија Hummer, дел од групацијата GM...
...(General Motors). Со тоа е погребана некогаш силната американска автоиндустриска империја наречена GM.
Централата за сега останува во Детроит, и производсвото на H3 и H3T ќе продолжи во Shreveport, Louisiana, како и на H2 во Mishawaka, Indiana, барем уште една година до кога е условот кој стои во договорот за превземање на компанијата.
James Taylor генералниот менаџер на Hummer изјави дека тоа било одлични и дека од Кинеската компанија имале разбирање за чуствителната ситуација на американската економија во моментот.
Sichuan Tengzhong откупи 80% од акциите во компанијата и го држи мнозинскиот пакет, додека Suolang Duoji е човекот кој поседува 20% од компанијата. За сега Кинезите ќе ја користат старата дилерска мрежа на GM.