Престижна награда за дизајн за новото Kia Sorento

Франкфурт, 3 февруари 2015 – Kia Motors продолжува да собира награди за неверојатен дизајн. Kia Sorento, предводник на SUV сегментот на брендот, за првпат ја доби престижната награда ‘iF Design Award’.

prestizna-nagrada-za-dizajn-za-novoto-kia-sorento-01.jpg

Жирито на глобално признаената награда за дизајн ја одликуваше третата генерација Sorento, што ќе се пушти во продажба низ Европа во март 2015, со награда во категоријата “производи“. Освен наградата за целокупниот квалитет на дизајнот, жирито го оценуваше автомобилот врз основа на повеќе критериуми, како финиш, степен на иновација, влијание на животната средина и безбедност.

Новото Kia Sorento е седмиот модел на Kia што добива iFDesign Award. Секоја година од 2010, најмалку една од посакуваните награди е освоена од Kia Motors. Претходни победници од брендот се Kia Venga, Sportage, Optima, Picanto, Pro_Cee'd и Soul.

„Многу сум горд на оваа награда за Kia Sorento бидејќи е признание за големиот напредок во квалитетот што успеавме да го постигнеме во овој модел“, рече Питер Шрејер, претседател и главен дизајнер за корпорацијата Kia Motors и Hyundai Motors.

„Kia Sorento ја спојува класичната елеганција на SUV автомобил со врвниот изглед, што е особено видливо во кабината. Исто така, нуди највисок квалитет на дизајнот и одлична вредност за парите. Ова во голема мера е достигнување на нашите меѓународни дизајнерски тимови - што е исто така причината зошто сум среќен и задоволен со оваа награда.”

Новото Kia Sorento е осмисленo од дизајнерскиот тим на Kia во Намјанг, Кореjа ,со помош од Kia центрите за дизајн во Франкфурт, Германија и Ирвин, Калифорнија.

prestizna-nagrada-za-dizajn-za-novoto-kia-sorento-02.jpg

Одлична сестраност, технолошко најсовремени карактеристики и нов „all-wheel-drive“ систем

Новото Kia Sorento е стилски и практичен SUV, со одлична сестраност и практичност. Мазниот профил и длабоко извајаните површини му даваат на Kia Sorento грациозен и елегантен изглед. Просторната внатрешност ги следи хоризонталните линии на целокупниот концепт за дизајнот и нуди луксузен изглед со најквалитетни материјали низ целата кабина.

Новото Kia Sorento, кое е достапно со 5 или 7 седишта, е подолго и нуди повеќе простор за патниците од неговиот претходник. Просторот за багаж е поголем, и благодарение на разместувањето на седиштата е уште попрактичен и собира до 1732 литри.

Kia Sorento има моќен и ефикасен турбодизел мотор од 200 ps (147 kW) 2.2-литри, додека верзиите со четири тркала се опремени со новиот систем на Kia , Dynamax™ All-Wheel-Drive со вртежен момент.

Благодарение на новите технолошки напредни спецификации и големиот број премиум карактеристики, како мониторот со преглед од 360 степени и паметниот систем за паркирање, автомобилот е лесен за маневрирање и паркирање. Купувачите можат исто така да изберат најразлични безбедносни системи како систем за предупредување при напуштање на сообраќајната лента, предупредување за претекнување од позади, препознавање на сообраќајните знаци, адаптирана контрола на возењето.

prestizna-nagrada-za-dizajn-za-novoto-kia-sorento-03.jpg

Награда „iF product design“

Со оглед на тоа што постои од 1953, „iF Design“ наградата е една од најважните награди во светот за супериорност во дизајнот. Наградата потекнува од “Formgerechte Industrieerzeugnisse“(добар индустриски дизајн) започнат од Хановер Месе (Hannover Messe), a денес е еден од најголемите натпревари за дизајн во светот.

„iF Design“ наградата се доделува во 5 категории. Во 2015 компании од 53 земји учествуваа во програмата за „iF design“ приложувајќи 4783 дизајни. Новото Kia Sorento беше одликувано во категоријата автомобили/возила/велосипеди.

Официјалната церемонија за „ iF Design“ наградите за 2015 година ќе се одржи на 27 февруари 2015 год., во Минхен, за време на Креативната бизнис недела. Наградените производи исто така ќе се прикажат на „iF design“ саемот во Хафен Сити, Хамбург.

Дополнително, сите победници може да се видат на веб страницата на iF и на ‘iF design’ апликацијата за телефони.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg