Две награди „Best Cars 2015" за Audi
Два модели на Audi се севкупни победници во своите категории на последното доделување на наградите „Best Cars 2015". Читателите на специјализираното списание "auto motor und sport", ги избраа своите омилени автомобили. Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа во Штутгарт.
Д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за технички развој во AUDI AG изјави:
„Ние сме среќни бидејќи голема чест е да се освојат овие награди. Тие го потврдуваат успехот на нашиот бренд.“
Лука де Мео, член на управниот одбор за продажба во AUDI AG, додаде:
„Повеќе од 500 000 автомобили со ознаката А1 беа испорачани откако моделот беше претставен на пазарот. Q3 исто така многу придонесува за големиот удел на пазарот на нашиот бренд. Q3 е најпопуларниот SUV во премиум класата.“
Читателите можеа да ги изберат своите омилени автомобили од вкупно 386 модели во единаесет категории. Во секоја категорија, читателите избраа севкупен победник.
Audi А1 го зазеде првото место и е севкупен победник во категоријата „мал автомобил“ со освоени 25% од гласовите на читателите.
Audi Q3 триумфираше во категоријата „Најдобар компактен SUV“ со 19% од гласовите.