ŠKODA го прикажа концептот на својот нов рели автомобил - Fabia R5
Чешки производител на автомобили ŠKODA со многу емоции се претстави пред посетители на автомобилскиот саем во Есен. Вниманието најмногу го привлече концептот на новиот рели шампион , ŠKODA Fabia R5 кој ја имаше својата светска премиера.
"ŠKODA ќе продолжи да расте во наредните години благодарение на своите нови модели. Ние многу внимание ќе посветиме на функционалните аспекти и на емоциите на брендот", изјави д-р Френк Велш, член на одборот за технички развој во ŠKODA и додаде: "Нашите возила во Есен го потврдуваат тоа. Со особено задоволство го претставуваме концептот на новиот рели шампион - ŠKODA Fabia R5, кој покажува како ќе изгледаат нашите нови рели автомобили. Концептот е базиран на новата Škoda Fabia, која е направена со многу емоции повеќе од кога било досега.
"Светската премиера на ŠKODA Fabia R5 концепт автомобилот ја прикажува иднината на мотор спорт возилата наŠkoda", изјави директорот на Škoda Motorsport Михал Храбанек и додаде: „Предвидено е ŠKODA Fabia R5 да го помине процесот на хомологација кон средината на 2015 година."
Новата ŠKODA Fabia R5 се одликува во висока технологија и направена е во согласност со сите FIA прописи. Новиот болид ќе биде придвижуван од 1.6 литарскиот турбо мотор.
Автомобилот опремен е со секвенцијален пет брзински менувач и Мекферсон спортски ремени. Тежината на болидот исто така е во согласност со прописите, и ќе тежи најмалку 1230 килограми.
Голем број на врвни рели возачи на ŠKODA беа вклучени во развојот на новата ŠKODA Fabia R5.