Спортски автомобили за 2014 година: Прво место за Audi S1 и Audi RS 4 Avant
Читателите ги избраа своите омилени спортски автомобили во анкетата спроведена од страна на списанието "Auto Bild.
Audi оствари двојна победа. Брендот со четири прстени ги импресионираше читателите со моќта на моделите Audi S1 и Audi RS 4 Avant.
Двата автомобили го имаат најдобриот погон на сите тркала - Quattro и го освоија првото место во нивните сегменти.
Audi S1 победи во категоријата „Најдобар Компактен Модел“ со 51% од гласовите. Audi RS 4 Avant го освои првото место во категоријата „Најдобар Караван“ со 49% од гласовите.