Сите модели на ŠKODA сега се побезбедни од било кога

Докажано е дека автомобилите на ŠKODA ги заштитуваат патниците со својата врвна безбедност. Целата гама на ŠKODA, составена од седум модели, ги има максималните пет ѕвезди на меѓународно признатите безбедносни тестови - Euro NCAP, во ноември 2014 година новата ŠKODA Fabia ги освои  максималните пет ѕвезди.

site-modeli-na-skoda-sega-se-pobezbedni-od-bilo-koga-1.jpg

Меѓународно признатиот  врвен рејтинг на Euro NCAP го докажува високото ниво на сигурност на сите ŠKODA автомобили, и е резултат на интензивната работа со цел да се постигне максимална активна и пасивна безбедност. Покрај тоа, компанијата е дел од различни иницијативи поврзани со општата безбедност на патиштата, кои се дел од социјалната одговорност на  ŠKODA.

"Безбедноста на сите патници е врвен приоритет за Škoda", изјави членот на одборот за технички развој на ŠKODA д-р Френк Велш и додаде - "Овој бескомпромисен стандард се однесува за сите класи на возила, од градскиот автомобил ŠKODA Citigo до знаменосецот на брендот ŠKODA Superb. Ние постојано го подобруваме нивото на активна и пасивна безбедност во нашите возила. Ова вклучува инсталирање на многу нови системи за помош, како и совршено координиран системи за врзување, врвна суспензија, системи за осветлување со високи перформанси и оптимизирање на каросеријата на  нашите возила. "

site-modeli-na-skoda-sega-se-pobezbedni-od-bilo-koga-2.jpg

Во одделот за технички развој во ŠKODA работат повеќе од  1700 специјалисти, дизајнери, инженери и конструктори. Нивната работа, директно или индиректно е поврзана со безбедноста на возилата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg