Навреме на производната лента: Производството на Audi A3 Sportback е-tron

По 50 автомобили секој ден, произведени во исто време и склопени на ист начин како и останатите модели: Audi започна со производство на Audi A3 Sportback е tron. Производителот на премиум автомобили го произведува својот прв plug-in хибриден модел во главната фабрика на брендот во градот Инголштад.

proizvodstvoto-na-audi-a3-sportback-tron-01.jpg

"Почнавме со сериското производство на Audi A3 Sportback е-tron во текот на летото", изјави д-р Хуберт Валтлl, директор за производство во AUDI AG и додаде - "Поголемиот дел од работата е интегриран на производната лента на Audi A3 и нема потреба од нова производна линија. Тоа ја покажува флексибилноста и ефикасноста на организаторите и вработените во одделот за производство."

Со моделот Audi A3 Sportback е-tron, Audi ја лансира мобилноста на иднината. Компактниот модел со пет врати го комбинира моторот со внатрешно согорување 1.4 TFSI со електромотор со моќност од 75 kW, што резултира со вкупна излезна моќ од 150 kW (204 КС).

И покрај спортските перформанси, потрошувачка на гориво според NEDC изнесува само 1,5 литри на 100 км (35 грама CO2 на километар). А3 Sportback е-tron може да помине 50 километри само на електричен погон и 890 километри повеќе со бензинскиот мотор.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg