Ferrari Enzo XX Evolution

ferrari-enzo-xx-povekjeСамо 2 месеци откако беше преработен црвениот болид на ферари, тие отидоа еден чекор подалеку претставувајќи ја подобрената верзија на Енцо -...

 

...Ferrari Enzo XX Evolution. Овој автомобил самиот по себе спаѓа во редот на најдобри спортски автомобили во светот.

Сега, во новиот модел, моторот V12 е со голем број на подобрувања кои вклучуваат 618 коњски сили при 5.800 вртежи во минута.

Тежината на возилото е намалена за 100 килограми и може да се каже дека оваа преработка сериозно го загрозува дури и моќниот Вејрон.

Овој автомобил забрзува до 100km/h за 3,2 секунди, до 200km/h забрзува за 9 секунди, а до 300km/h за 19 секунди. Максималната брзина сеуште не е позната, но се претпосатвува дека нема да надминува 390 километри на час.

За овој автомбил навистина нема потреба да се зборува за надворешниот изглед бидејќи е совршен, но сепак се направени некои промени кај лед светлата во задниот дел како и подобрени странични крила.

За крај, секој кој ќе се одлучи да го истјунира својот Енцо, од страна на компанијата добива и професионален инструктор на еден ден.

ferrari-enzo-xx-1

ferrari-enzo-xx-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg