Луксузниот Veritas RS III
Необичниот концепт на екстремниот спортски автомобил кој го претстави компанија Вермонт АГ - Veritas RS III е егзотичен, луксузен...
... суперспортски автомобил со одлични перформанси.
Својата прва премиера овој автомобил ја имаше на саемот за коли во Лондон. Иако уште тогаш беше најавувана продажбата на Veritas RS III, сепак многумина беа скептични, мислејќи дека ова е само една дизајнерска егзибиција.
Но пред само неколку дена стигна директен демант од компанијата Вермонт АГ кога ја објавија цената по која ќе се продава Veritas RS III автомобилот. Така доколку сакате да јаи мате оваа “играчка” потребно е да изброите “само” 342.000 евра.
Исто така интересно е и тоа што дизајнерите на првиот модел на овој луксузен автомобил, одлучиле да направат некој корекции на надворешниот изглед со што овој модел би изгледал уште поспортски а со тоа и попривлечен за приврзаниците на големите брзини. Верувале или не, овој автомобил иако е само за еден човек не спаѓа во класата на мали автомобили.
Долг е скоро 5 метри, 2 метри е широк, додека неговата висина е помала од 1 метар. Карактеристично за овој автомобил е тоа што тој нема кров, а возачот е заштитен само со кацига. Сепак на барање на потрошувачите, дизајнерите кажуваат дека ќе се посветат на развој на Veritas RS III купе со тврд кров.
Veritas RS III користи мотор на БМВ, кој што е 5-литарски В10 мотор кој е посебано прилагоден и доработен за потребите на овој суперспортски автомобил. Со максимална сила од 600 КС јасно е дека перформансите се во прв план кај овој автомобил, па забрзувањето од 0 до 100 км/ч се постигнува за 3.2 секунди. Максималната брзина е 347 км/ч.