ГТ од Цитроен

Цитроен ГТ сепак ќе влезе во сериско производство. Тоа значи  дека францускиот супер модел ќе го збогати светот на спортските модели. Со...

... оглед на тоа дека во развојот на ГТ се отишло најдалеку во сличноста на дигиталната верзија и верзијата која што се нашла на саемот.

Цитроен со ГТ предизвикал голем интерес, така што сериското производство најверојатно ќе биде сепак во ограничена серија. Концептот бил возен на улиците во Лондон минатата недела.

gt-od-citroen1

gt-od-citroen2

Наводно ќе бидат произведени 6 примероци а цената за која се шпекулира ќе изнесува 1,2 милион евра. Овој убавец ќе го придвижуваат моќните американски мотори од ГМ или Форд а силата ќе им надминува 500 коњски сили.

gt-od-citroen3

 Каросеријата ќе биде направена од карбонски влакна  а посебен акцент ќе биде ставен и на егзотичниот ентериер. Овој модел се очекува да биде претставен на Автосалонот во Франкфурт.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg