Топ 5 летни возила
Не мора да возите кабриолет за да предизвикате воодушевување додека го освојувате жешкиот летен асфалт. Видете ги најдобрите пет летни возила...
... кои нема да имаат проблем да се прилагодат и на другите годишни времиња се` додека вие немате проблем да ги возите. А, зарем некој би имал?
Новото Cube има неверојатно кул дизајн, удобно е за седење и удобно за возење, а може да го имате за нешто повеќе од 14 500 долари.
Овој модел дава нова дефиниција за стил на четири тркала. Основната цена е 96 300 долари, сума за која ќе добиете квалитет на кој може да му се верува.
Новиот дизајн на стариот шевролет чини над 20 000 долари, но затоа секое возило има сателитско радио, USB приклучок и бежична телефонска мрежа.
Основната цена на новиот модел чиј слоган е „Автомобилот што не старее само што се поднови“ е 20 000 долари. Класичниот изглед на екстериерот не претрпе драстични промени, туку стана порафиниран. Современиот ентериер, пак, доби нова форма и материјали.
Новата верзија е многу полуксузна и со драматично полесна тежина. Клучните промени во структурата и изработката создадоа моќно возило создадено за освојување на автопатот. Уживањето ќе ве чини скоро 30 000 долари.