„Глисер“ на тркала
Сavage Rivale Roadyacht GTS кој e сеуште само прототип, бил прикажан на саемот за автомобили во Амстердам, каде што привлекол големо...
...внимание на публиката. Подвижниот покрив на овој автомобил се подига за помалку од 20 секунди.
Каросеријата која е од карбон, е лакирана во две нијанси, додека внатрешноста е посебна приказна - целосно е направена од луксузни и квалитетни материјали.
Овие материјали се всушност квалитетно дрво, како и алуминиум, а наликува како палуба на супер луксузна јахта.
Но, не е се во изгледот, и моторот што ќе го придвижува овој убавец ќе биде од Корвета ЗР1. Производителот планира да произведе вкупно 20 примероци од овој убавец, во рок од 4 години. На продажба се очекува во 2010 година.