Митсубиши поклонува коза
За секој купен модел Л200, компанијата Митсубиши во Нов Зеланд на новиот сопственик му поклонува коза. Да добро прочитавте не е ова никаква шега.
Идејата пробал да ја објасни маркетинг директорот на компанијата кој го оправдува овој потег поради овогодинешната суша, како и изумирањето на добитокот во Нов Зеланд и како веќе било редно време за една ваква акција.
Козите всушност ја унапредуваат продуктивноста на фармите, го подобруваат земјиштето, многу поефтини од купувањето на разни хемикалии и не постои ризик да му наштетат на туризмот во земјата.
Потенцијалните купувачи кои веќе имаат коза, компанијата Митсубиши им нуди избор на дополнителен пакет со опрема како и специјален лизинг програм и бесплатен сервис за првите 100.000 километри.
Ние во Македонија сме среќни што имаме овластен сервис.