Ново БМВ 5
Концептот ГТ кој беше претставен на женевскиот саем на автомобили, конечно е спремен за производство. Инаку кај овој нов модел се работи за...
... комбинација на седан, караван и купе, а Баварците го сместија во сегментот SAV, односно Sport Activity Vehicle.
Нешто слично како моделот Х6. За разлика од концептот верзијата која ќе се произведува, овој автомобил ќе нуди места за седење за 5 патника.
Овој убавец ќе го придвижуваат 3 мотори и тоа: два бензински и еден дизел. Бензинците се опремени со 3.0 литри мотор кој развива 306 коњски сили (моделот 535и ГТ) и забрзува до стотка за 6,5 секунди, појакиот V8 мотор со 4.4 литри зафатнина развива 407 коњски сили (550 ГТ) и до стотка развива за 5,5 секунди.
Дизелскиот мотор е со 3.0 литри зафатнина и сила од 245 коњски сили (530д ГТ) и до стотка развива за 6,9 секунди.
Службено неговото претставување е закажано за Франкфуртскиот авто саем а официјалната продажба се очекува да биде оваа зима.