Најновиот модел на Porsche 911 пристигна на скопскиот асфалт
„Порше 911 е единствениот автомобил кој може да се вози на Африканско сафари, на трките Ле Ман, или низ Њујоршкиот сообраќај“ - Фери Порше.
Во јубилејната 50 година од појавувањето на првиот легендарен модел Порше 911, деновиве во Македонија пристигна најновиот модел на овој престижен и ексклузивен спортски автомобил.
Предизвикувајќи воздишки како кај вработените во Порше Македонија, така и на сите посетители во салонот, овој спортски убавец препознатлив по својот моќен звук на моторот, техничка перфекција и софистицираност, Порше 911 ќе плени погледи и по скопските улици.
Како ниеден друг автомобил, Порше 911 претставува хармоничен спој на противречности: на спортски дух и секојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност.
Фери Порше најдобро ги опиша оригиналните квалитети кои ги носи со себе овој автомобил: "911 е единствениот автомобил кој може да се вози на Африканско сафари, на трките во Ле Ман, или низ Њујоршкиот сообраќај." кој денес е вистинска асоцијација за типичен спортски автомобил, репер за сите други.
Новото Порше 911 го има во две верзии: Carrera и Carrera S со 3,4 односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус кој развива до 350 т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута.
Забрзувањата се фантастични. Кај Carrera за 4,6 секунди до 100 км/час, а кај Carrera S за 3,9 секунди од 0-96 км/час и може да се пофали со максимална брзина од 297 километри на час.