Блеснаа ѕвездите на Mercedes-Benz - европска премиера на новиот CLA
По 83-ти пат се одржува еден од најпознатите светски саеми на автомобили во Женева
Нескротливиот! Тоа е описот за новиот Mercedes CLA, што денеска во Женева премиерно е прикажан на европски саем за автомобили. Новиот CLA плени со својот импресивен изглед, спортски, динамичен, посебен.
Mercedes CLA е најаеродинамичен автомобил во светот меѓу автомобилите од сериско производство, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd=0,22.
Внатрешноста е воочлива со својот луксузен изглед, благодарение на изборот на високо-квалитетните материјали и достапните комбинации на материјали.
Интелигентна безбедност: напредни помошни системи
Бројни помошни системи нудат поддршка за намалување на напорот при возење од страна на возачот.Како стандардни функции се: ATTENTION ASSIST - систем кој го предупредува возачот при премореност, радарскиот систем COLLISION PREVENTION ASSIST со adaptive Brake Assist, кој сега му помага на возачот да избегне евентуални судари при брзини поголеми од 7 км/час (претходно беше над 30 км/час).
Можни се две опции на шасија и суспензија: конфорна и спортска. Спортската суспензија значи намалување на конструкцијата на возилото за 20 мм напред и 15 мм позади.
CLA е достапен со новата генерација на 4MATIC, постојан погон на сите тркала, со променлива дистрибуција на вртежниот момент на тркалата и обезбедува голема влечна сила и исклучителна агилност и исклучително ниска потрошувачка на гориво..
Сè е подготвено за иднината: моќно и ефикасно возење
Една година пред официјално да се воведат Euro 6 стандардите на моторите, сите бензински мотори, како и врвната дизелска верзија во CLA веќе се опремени со Euro 6 мотори.
Бензиснкиот мотор со зафатнина од 1.6 литри е во две верзии CLA 180 и CLA 200 со моќност од 122 кс и 156 кс, додека 2.0 литри моторот односно CLA 250 развива 211 кс.
Двата дизелски мотори: CLA 200 CDI е со моќност од 136 кс и вртежен момент од 300 Nm и CLA 220 CDI со 170 кс и вртежен момент од 350 Nm и импресивна потрошувачка на отворено од само 4,5 литри на 100 км, како и емисија од само 109 грама CО2 на изминат километар.
Сите мотори стандардно се опремени со ECO start/stop.На саемот во Женева е претставена и новата E-Class, кој за првпат во историјата на Mercedes излегува со мошне храбар дизајн и можност за избор на изгледот на предниот дел во две опции, класичната со издигната ѕвезда на хаубата, како и модерна, спортска, со ѕвезда поставена на предната решетка.
На саемот се прикажани и спортските модели како A 45 AMG со 360 кс и вртежен момент од 450 Nm, што произлегува од 2.0 литарски мотор, односно ова е најмоќнотовозилото во светот досега во компактната класа. Потоа на штандот на Mercedes можеше да се види Mercedes CLS 63 AMG и моделот со 4MATIC, во кој е вграден 5.5 литри V8 битурбо мотор со 585 кс и неверојатен вртежен момент од 800 Nm, како и Mercedes-Benz SLS AMG Black Series со 631 кс, потоа Mercedes-Benz C 63 AMG Edition 507 кс, како и Mercedes-Benz E 63 AMG како S модел со 4MATIC, со 585 кс и 800 Nm.