Toyota подготвува хибридна GT86

Иако тешко е да се замисли, Toyota реши својот најнов спортски модел да го претстави во хибридна верзија.

tojota-podgotvuva-hibridna-gt86

Причините за ова не се за да ја намали потрошувачката, туку да ги подобри перформансите на својот спортски преубав модел GT86 кој ја дели платформата со Subaru BRZ.

Според главните инженери, Toyota разгледувала неколку начини да го зголеми бројот на КС на GT86 кој веќе има 200 КС, но некои критичари и купувачи често велеа дека на автомобилот му се потребни барем уште 50 или 100 КС.

Прво се разгледувало вградување на турбо полнач, но од страв на дополнителна тежина, инженерите се одлучиле за хибридна варијанта, иако и тоа може значително да ја зголеми тежината.

Како и  да е, според некои извори Toyota веќе ја тестира хибридната GT86 која не би требало да има поразличен изглед од позната изведба.

Но, на приказната за зголемите перформанси на GT86 не треба да се надеваме премногу, бидејќи Toyota веќе најави два нови модели кои ја ставаат GT86  во средина. Едниот модел би дошол „над“ GT86, и според сила и според цена (можеби новата Supra), додека другиот би имал послаби перформанси, но и цена.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg