Кога Мерцедес ќе се надмине себе си...

На претстојниот саем во Лос Анџелес, Mercedes ќе го претстави најмоќното издание на нивниот и така брз и моќен - SLS AMG Black Series со назнака GT3.

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-1

Немој да нè сфатите погрешно, и „стандардниот“ SLS е екстремно брз, но границата од 0 до 100 км/ч Black Series ја постигнува за една десетинка побрзо, односно за 3,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 320 km/h.

Во студиото за „тјунирање“ AMG одлучиле да ја доработат спортската суспензија, јаглеродните влакна сè уште се тука, но сега има и титаниумски издувен систем, керамички кочници на сите четири тркала и сл. Што значи ова?

Ова во превод значи дури 70 килограми полесен автомобил од претходникот, што секако е за голема почит кај ваквите ѕверови, а автоматски и поголема сила од 6,2-литарскиот V8 агрегат кој испорачува 622 КС, односно 39 КС повеќе од претходникот.

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-2

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-3

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-4

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-5

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-6

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-7

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-8

koga-mercedes-ke-se-nadmine-sebe-si-9

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg