Син Lexus LF-LC специјално направен за Австралија

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-1

Lexus го избра меѓународниот автомобилски саем во Австралија за да ја претстави втората верзија на LF-LC концептот, која специјално ќе биде презентирана во „опал сина“ боја, инспирирано од полу-скапоцениот камен опал кој се наоѓа во австралиската пустина.

Освен новата боја, новости има и кај хибридното дуо за движење составено од нов бензински мотор и нов електро мотор – комбинација која потпомогната од Advanced Lexus Hybrid Drive системот, успева да извлече 500 КС.

Според Тони Крамб од тамошното претставништво на Лексус, LF-LC Blue претставува визија во иднината на спортските автомобили.

Lexus исто така го нагласи и ентериерот на LF-LC Blue, повторно визија за иднината на технологиите на допир. Наместо џоистик-контролер, како моменталната прва верзија, 12,3 инчниот LCD дисплеј се управува преку помал екран на допир точно во висина на прстите на возачот. Како и кај првата верзија, и тука преку екранот на допир се регулираат климатизерот, аудио и навигациските системи.

Australian International Motor Show се одржува од 19 до 28 октомври.

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-2

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-3

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-4

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-5

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-6

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-7

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-8

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-9

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-10

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-11

sin-lexus-lf-lc-specijalno-napraven-za-avstralija-12

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg