Немате за Aston Martin? Тука е новиот Ford Mondeo!

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-1

Уште во верзијата на Ford Mondeo од пред 5 години во него го препознаваме еден од најлуксузните британски автомобили Aston Martin, но овој пат тоа е најочигледно досега.

Иако Ford засега ги крие детали, познато е дека покрај лимузината, Ford истовремено ќе претстави и liftback верзија со пет врати, како и караванска изведба.

Досегашните информации говорат дека новото Mondeo ќе има нов 1-литарски три-цилиндричен Ecoboost мотор со турбо полнење кој развива 125 КС и вртежен момент од 178 Nm -  во превод? Потрошувачка помала од скутер.

Друга новина е дека Mondeo за прв пат ќе има и дизелска варијанта и интегрален погон на сите четири тркала, како и хибридна верзија во која се спарени 2-литарски бензинец до електромотор со сила од 46 КС.

 
Американците се горди и на предните LED светла и новиот 8 инчен дисплеј на допир, кој за прв пат ќе се најде во модел на Ford за оваа страна од Атлантикот.

Повеќе информации за него и цената ќе дознаеме при официјалното претставување на саемот во Париз кон крајот на месецов. Дотогаш уживајте во фотографиите.

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-2

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-3

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-4

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-5

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-6

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-7

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-8

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-9

nemate-za-aston-martin-tuka-e-noviot-ford-mondeo-10

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg