Chevrolet го возвраќа ударот на Nissan Juke
По Chevrolet Captivа, кој дели многу работи со братскиот Opel Antara, Chevrolet го претстави новиот компактен SUV Trax, брат близнак на Opel Mokkа.
Двата автомобили ја делат платформата и голем број механички делови, како што е моторот и суспензијата, а најмногу ќе се разликуваат по екстериерот и ентериерот, додека димензиите се речиси идентични.
Се работи за димензии од 4.248 mm во должина, 1.776 mm ширина и 2.555 mm меѓуосовинско растојание и багажен простор од 358 литри.
Chevrolet Trax ќе дојде во 140 земји, а во Европа ќе се нуди во варијанти од 1,4 – литарски турбобензинец со 140 КС и 1,7-литарски дизел мотор од 130 КС. И двата модели ќе бидат достапни со интегрален погон и автоматски шест-степен рачен менувач, додека системот Start/Stop ќе биде стандард на сите модели.
Официјалното претставување би требало да биде на есенскиот саем во Париз, а продажбата да започне дури наредната година.