BMW ќе продава автомобили он-лајн?
Новинската компанија Блумберг изјави дека Баварскиот производител на автомобили BMW од 2013 година планира да почне да продава автомобили преку интернет.
Ова особено се однесува на новите електрични автомобили i3 и i8. Моментално овие и други електрични и хибридни модели на BMW се слободни за разгледување во Лондонски авто салон близу Олимпиското село.
Мотивацијата за ова е едноставно: намалување на трошоците за продавање. Што значи, отсега наместо потенцијалните купувачи да одат по авто салоните и да губат време на разгледување на автомобилот, ќе можат преку конфигураторот на веб-страницата на BMW да си ја изберат идеалната опрема за автомобилот.