Двосед кој не се судира

dvosed-koj-ne-se-sudira-povekjeАмериканскиот производител на автомобили General Motors се здружи со компанијата Segway со цел да се развие двосед на две тркала кој би бил електричен брз, сигурен, ефтин...

 

dvosed-koj-ne-se-sudira

...и еколошки прифатлива алтернатива која во градовите би можела да ги замени автомобилите.

Проектот вклучува и голема комуникациска мрежа која би го регулирала сообраќајот, со што би се избегнувале сообраќајните незгоди.

Возилата исто така би можеле меѓусебно да комуницираат, а во нив би се вградувал и ГПС уред со кој ќе можат да возат самостојно.

Возилата автоматски би избегнувале разни препреки и пешаци, и автомобили покрај патот. Поради овие причини не би требало да се случуваат несреќи.

Прототипот од овој автомобил ќе вози на литиумска батерија и ќе има два електрични мотори.

Автомобилот постигнува брзина до 55 километри на час, а исто толку километри може да помине со една тенка батерија.

Од компанијата изјавуваат дека продажната цена на овој автомобил ќе изнесува 1/3 од просечната американска плата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg