„Мотор на годината“ за 1.4 TSI од Volkswagen
Секоја година на изборот за „Интернационален мотор на годината”, жири составено од реномирани автомобилски новинари од повеќе земји, ги истражува најновите достигнувања од областа на автомобилските мотори.
Тие ги испитуваат моќните единици со акцент на возната состојба и перформансите, ја рангираат стапката на нивната префинетост, ја пресметуваат потрошувачката на гориво и емисијата на загадување, и ја наградуваат употребата на најновата технологија во изградбата на моторот.
Целта на овој темелен процес е да се одбере добитникот на познатата награда "мотор на годината".
Седма година по ред, победник во категоријата од 1,0-1,4 литри е моторот на Фолксваген 1.4 TSI.
"Овој мотор е совршен спој на забава при возење и заштеда на гориво ", изјавија од жирито.
Моќниот мотор 1.4 TSI, е достапен во голем број на модели на Volkswagen- Polo, Beetle, Golf, Golf Plus, Golf Cabriolet, Scirocco, Eos, Jetta, Tiguan, Sharan, Audi A1, Audi A3, Skoda Fabia RS и други модели. Тој ја постигнува својата моќност и ефикасност благодарение на Twincharger технологијата – која го комбинира турбополначот и механичкиот компресор во еден моќен, но штедлив пакет. Twincharger е победник во својата класа уште од 2006 година, добитник е на наградата „ Green Engine Gong ” во 2009 година, а е и целокупен победник на „ Интернационален мотор на годината за 2009 и 2010 година ”. Победата на моторот Twincharger годинава во класата од 1-1,4 литри значи дека тој е една од најмоќните автомобилски мотори направени некогаш. TSI со двојно полнење е достапен во неколку верзии 110 kw / 150 кс, 118 kw / 160 кс и 132 kw / 180 кс.
Изборот за престижната награда „Интернационален мотор на годината” се одржа годинава по традиционален 14 – ти пат. На овогодинешната манифестација повеќе од 76 реномирани автомобилски новинари од 35 земји ги сплотија своите долгогодишни искуства и знаења од областа на современите патнички автомобили СУВ и МПВ моторите, за да ги доделат престижните автомобилски награди.