BMW Серија 1 GT со погон на предните тркала

bmw-serija-1-gt-so-pogon-na-prednite-trkala-povekjeНа саемот во Париз во Септември, BMW ќе претстави концептна верзија на Серија 1 GT, а нејзината сериска изведба ќе биде прикажана во 2014.


Серија 1 GT ќе вози на истата платформа како и следната генерација на Mini, но ќе биде повисока од Мini и стандардната Серија 1.

Ова ќе биде првиот ван модел на BMW, главен конкурент на Mercedes-Benz B-class.

Во понуда ќе биде со три и четири-цилиндрични турбо мотори со погон на предните тркала.

Нов во понудата ќе биде 1.5 литарскиот, три-цилиндричен, бензински мотор со турбополнач кој исто така ќе се користи и во наредните модели на Mini.

Тој всушност е класичниот 3.0-литарски, бензински, реден шест-цилиндричен мотор на BMW пресечен на половина.

bmw-serija-1-gt-so-pogon-na-prednite-trkala

извор: carclub.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg