Произведена 3.000.000-та Фабиа

proizvedena-3000000-ta-fabia-povekjeВо фабриката на Шкода, се прослави производството на јубилејниот 3 милионити примерок на моделот Фабиа. Станува збор за моделот Fabia Green Line...


...- особено ефикасна и еколошка верзија на Фабиа, специјално нарачана од страна на германски купувач.

Првата генерација на Фабиа е претставена 1999 година, и се произведувала осум години, додека актуелната, втора генерација е промовирана на саемот во Женева во 2007 година.

Првата генерација е продадена во 1,78 милион примероци, а втората во 1,21 милион примероци. Со ова, Шкода Фабиа е еден од најуспешните модели на чешкиот производител, веднаш по Шкода Октавиа. Само лани беа продадени околу 267.000 возила Фабиа, со што продажбата на возилата Фабиа претставуваше повеќе од една четвртина од вкупните продажби на брендот Шкода.

Шкода Фабиа игра голема улога во успешната приказна на Шкода, како и во Стратегијата за раст 2008. Пред тринаесет години, возилото претставуваше уште еден чекор напред за нашата компанија како трета серија модели во тоа време. Од тогаш, не само што произведовме три милиони примероци на Шкода Фабиа, но, исто така, повеќе од двојно ја зголемивме годишната продажба на сите модели. Овие бројки се моќно сведоштво за успехот на моделот на меѓународните пазари и за развојот на брендот " - изјави претседателот на одборот на директори на Шкода, проф.др. Winfried  Vahland.

Фабиа моментално се произведува во Чешка, Кина, Русија и Индија, и се продава во 103 земји ширум светот. Достапна е  во две верзии - хичбек и караван.

proizvedena-3000000-ta-fabia

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg