Range Rover Evoque Victoria Beckham Edition
Range Rover го претстави Evoque Special Edition на саемот во Пекинг. Направен според вкусот на Victoria Beckham, моделот се истакнува со мат сив...
...екстериер со сјајни црни ефекти и уникатни 20-инчни алуминиумски бандажи.
Кабината е луксузно уредена со полу-анилинска кожа, алуминиумски и piano black детали. Заедно со моделот доаѓаат и четири кожни куфери за багаж и прирачник за сопственикот потпишан од Beckham.
Силата се добива од турбополнет 2.0-литарски бензински мотор кој развива 240 коњски сили и 340 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со шест-степен автоматски менувач и погон на сите тркала.
Производството ќе биде ограничено на 200 единици.
извор: carclub.mk