Легенди на релито Дакар
Легенди во Амарок: возач на формула еден, рок ѕвезда и боксерски шампион возеа за време на паузата на релито Дакар. Џеки Икс (Jacky Ickx), Рудолф Шенкер...
...(Rudolf Schenker) и Дариус Михалчевски (Dariusz Michalczewski) заедно со брендот Volkswagen Комерцијални возила во Чиле.
Планински премини на Андите, длабоки кањони, песочни дини и пустината Атакама: Учесниците успеа да го завршат првиот дел од овогодинешното издание на релито Дакар.
Денот предвиден за одмор на релито, кое се вози од Аргентина до Перу, беше наменет за специјални гости. Легендарниот возач на формула еден Џеки Икс им покажа на рокерот Рудолф Шенкер и светскиот боксерски шампион Дариус ("Тигар") Михалчевски како безбедно се вози Амарок со автоматски менувач.
"Неверојатно колку е лесно да се вози Амарок со автоматски менувач. Возилото е подобро од нокаут во прва рунда", изјави," Тигар ", кој патуваше од неговата родна Полска за да го тестира теренецот на Volkswagen Комерцијални возила.
Амбасадорот на брендот Volkswagen Џеки Икс беше убеден во возните карактеристики на Амарок со автоматски менувач: "Со краток пренос и постојан погон на сите 4 тркала Амарок се справува со падините лесно, а во исто време има многу мала потрошувачка ", изјави легендата на формула еден.
За гитарист Рудолф Шенкер (Скорпионс) е втор пат на релито, тој беше навистина задоволен и изјави "Нема повозбудливо нешто од диво возење со Амарок " . Во логорот Шенкер и Михалчевски направија дует со хитот на Scorpions - " Rock You Like A Hurricane ", тие го привлекоа вниманието кога неочекувано ја испеаја песната со една електрична гитара и звучник поставен на Амарок.
По трет пат Volkswagen Комерцијални возила се официјални возила за поддршка на релито Дакар. Оваа година има 30 возила Амарок, 8 Multivan PanAmericana и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner сите се на располагање на организациониот тим.
Амарок, Multivan и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner повторно беа на тест и во тешки услови навистина се покажаа издржливи, затоа и се возила на организациониот тим, возилата мора да бидат способни да се исправат пред сите предизвици од Атлантикот до Пацификот, преку пустината Атакама, Андите и низ различни климатски зони.