Јана Гигова, уличен музичар: „Повеќе сакам да пеам за случајни минувачи, и во Македонија оставаат добар бакшиш“

Мака ли ти е да ја носиш постојано опремата со тебе, да влечеш звучници, микрофони, инструменти?

Не ми е. Го чувам звучникот блиску до местото каде што настапувам и го носам пеш. Порано носев звучници во количка ама ми ја украдоа заедно со звучникот по десетти пат.

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-12.jpg

Ти помага некој или сè правиш сама?

Отсекогаш сè сум правела сама. Не ми пречи некој да ми помага, ама баш и немам време да викам другари за да однесеме еден звучник. Додека да дојдат, 20 пати ќе го однесам и вратам.

Кога почнував да свирам вака, со другар изнајмувавме по пола огромни звучници и опрема, која, еден период ја туркав во количка од супермаркет од Карпош 4 до Центар, најчесто возејќи ролерки.

Многу ми беше интересно, се чувствував ко да сум во некоја игричка.

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-09.jpg

Се живее ли од пеење на отворено?

Да, иако сите луѓе на прв поглед имаат различен впечаток. Мислам дека дури и оние изведувачи кои не поминале дента најдобро, пак живеат многу подобро од некој кој има регуларна работа. Кај секој настапувач варира заработката.

Јас можам да зборувам само за мене, а и многу често живеам само од пеење надвор. Работам и други работи, држам часови, на пример, само кога не ми работи гласот.

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-02_copy.jpg

Пееш само низ Македонија или и во странство?

Пеам сегде. Сум била на неколку континенти благодарение на пеењето. Почнав со ангажмани како музичар во хотели и локали низ Европа, а понатаму се заинтересирав за уличните настапи надвор од Македонија.

Во 2013-та имав за цел да докажам дека не ти требаат пари за да можеш да патуваш низ светот, па со автостоп и пеење надвор поминав преку 20 држави.

Користев и алтернативни начини на сместување кои се фокусираат на тоа да му пркосат на консумеризмот.

Тоа се групи и сајтови во кои луѓето низ целиот свет си доаѓаат на гости едни кај други, без надомест, туку за да се запознаат со различните култури и традиции.

Бидејќи сум сама девојка која патува, решив да се поврзам со онлајн група која вклучува само девојки од целиот свет, направена за да се избегнат лоши искуства на девојки кои патуваат сами.

Вака патував уште неколку години, а потоа се преселив на Крит, одвреме-навреме враќајќи се до Скопје или застанувајќи на некоја недела да свирам во Солун.

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-04.jpg

Кога последен пат си пеела во Скопје?

Пеев пред некој ден на плоштад. Всушност, периодов излегувам да пеам повеќе и поради луѓето кои ме прашуваат кога да дојдат да ме слушаат, па правам фиксни термини за да не одат до таму напразно.

Многу од луѓето кои поминуваат, доаѓаат за да ме чујат и да ме испочитуваат бар на кратко. Некои доаѓаат баш како да дошле на концертче, си седат со друштво, со кафе или пиво.

Многу пријателства имам направено од случајни минувачи кои застанале да ми направат муабет, а потоа се претвориле во долгогодишни другарства.

Ова е интересен и непредвидлив начин на живот и социјализација.

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-08.jpg

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-14.jpg

jana-gigova-ulichen-muzichar-ne-sakam-lugjeto-da-me-sozhaluvaat-koga-peam-na-ploshtad-ama-sram-me-fakja-koga-kje-ostavat-pogolem-bakshish-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg