Стојана Поповска живее во Сингапур: „Забрането е да се џвакаат мастики, си купувам бурек од пекарница на Македонец“
Какви се локалците како пријатели? Има ли многу дојденци? Има ли други Македонци во местото каде што живееш?
Сингапур е исклучително интернационално катче во регионот. Градот-држава е живеалиште не само на огромен број на странци како нас, туку е и постојан дом на три главни националности: Кинези, Индијци и Малезијци.
Три националности, три култури и религии, три јазици со англиски како официјален јазик.
Искрено, локалците ги доживувам како малку затворени, резервирани, но сè зависи од опкружувањето во кое сте. Ние сме пријатели со две семејства кои ни беа соседи кои се многу опуштени и социјални.
Нема многу Македонци, но имаме пекарница која се вика Југославија и е во сопственост на Македонец. Таму си купуваме бурек и кифли.
Одат ли на кафе средби, каков е ноќниот живот, планинарење, велосипедизам… Како се забавуваат? Каде одат на одмор?
Пред сè да нагласам дека во Сингапур луѓето се опседнати со шопинг. За викенд подобро да го избегнете центарот и шопинг центрите, освен ако навистина немате пасија за купување во друштво на многу луѓе.
Кафето е доста популарно. Интересно е што во Азија се преферира чајот, но во Сингапур луѓето си пијат кафе.
Има безброј мали кафулиња и барови. Омилени ми се оние скриените по мали улички или места каде не ни очекуваш дека ќе никне некој локал.
Weekend Brunches се хит и за локалците и странците, па така планирајте однапред. Во суштина некогаш е едноставно тешко да сте спонтани со излегувањето како кај нас. Едно нешто што научив тука е тоа дека најсигурно е да се резервира недела – две однапред, па ако треба откаже на крајот.
Од локации каде е популарен ноќниот живот би ги издвоила Club Street преполно со барови од секаков тип, Clarke Quay и River Valley област со ресторани и барови покрај река, Haji Lane и Arab Street ми се омилени за ноќно излегување, а преку ден ми се омилени локации за фотографирање. Секако има и дискотеки, но не сум многу упатена во тој оддел.
Малку поинаков начин на забава е изнајмување на јахта. Често пати група пријатели изнајмуваат јахта на неколку часа и со пријателите можете да поминете дел од денот или да уживате во вечерна забава на брод околу островот.
Party Vans ми беа изненадување. Изнајмувате комбе во кое може да собере 6-8 луѓе, слушате музика, има диско топка и забавата си тече.
Сингапур има извонредна позиција доколку сакате да патувате. Најчесто луѓето патуваат во регионот: Малезија, Виетнам, Индонезија, Кина, но патот ги води и кон Австралија, Европа и Америка.
Што се однесува за планинарење, само ќе кажам дека е непостоечко, едноставно нема каде освен ако сакате да одите на climbing во некој шопинг-центар.
Велосипедизам, јога, кикбокс, таеквондо, џиуџицу се доста популарни.
Колку често си доаѓаш дома? Ти недостига ли Македонија?
Секое лето, поретко во зима поради долгиот пат и краткиот распуст. Се враќам токму поради тоа што Македонија ми недостасува и сметам дека е многу важно моите деца да ги одржат врските со блиските и пријателите таму.
Каде би сакала да дочекаш пензија?
Сакам да си бидам дома. Тоа би било како затворање на некоја животна рамка.
Едноставно само во Скопје се чувствувам како дома.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело