Моника Црнокрак: „Отсекогаш мачев мака со килограмите, но немав притисок да станам манекенка поради родителите“

Како се подготвуваш за изборите? Имаш ли посебен режим на исхрана или фитнес навики?

Како што споменав и претходно, програмите на Ана Стојанова ми се секогаш на дневен ред. Битно е да се внимава на исхрана, да се јаде здраво и да се вежба.

Секако дека интензитетот е појак кога се спремаш за негде и имаш одреден рок, меѓутоа сметам дека тоа треба да си стане една навика во животот која не треба да се смета како обврска.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-22.jpg

Колку често одиш во теретана? Лесно ли ти е да ја одржуваш добрата линија или си од оние што мачат мака да изгледаат добро?

Отсекогаш сум имала мака со својот изглед и својата линија и едноставно имам организам кој бара премногу работа. Немам некоја желба за теретана, па преферирам вежбање дома. Кога тоа го правам со полна пареа и сум строго решена кон некоја цел, вежбам и по шест пати во неделата.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-20.jpg

Како ќерка на Светлана и Мики, чувствуваше ли некогаш притисок дека мора да се бавиш со манекенство или тоа ти дојде природно?

Никогаш не сум почувствувала притисок поради професијата на своите родители, веројатно генетски ми дошла желба за тоа.

Додека бев мала постојано одев со нив по настани и секогаш сум сакала да се вмешам негде и да бидам „прчла“, па ете, можеби од таму и сум почнала со првите чекори во манекенството.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-13.jpg

Кој е најдобриот совет што го доби од родителите во однос на кариерата?

Не само во кариерата туку и општо во животот, реченицата која ми ѕвони во главата е: „Секогаш биди своја и што и да одлучиш во животот ние ќе бидеме твоја поддршка и ќе стоиме зад тоа“.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-07.jpg

Те споредуваат ли со мајка ти? Како реагираш на тоа?

Да. Нормално. Преовладуваат коментарите: „Леле иста си како мајка ти!“ Луѓето кои не ме познаваат ме прашуваат дали сум нејзина ќерка, поради препознавање на ликот кој е сличен со нејзиниот.

Сите коментари си ги сфаќам како комплименти бидејќи имам прекрасна мајка и би ми било мило да поседувам барем третина од нејзината убавина. 

Како помала личев повеќе на татко ми, па сега често луѓето кажуваат убава на мама, паметна на тато.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-23.jpg

Колку си блиска со неа, со татко ти, но и со твојата помала сестра?

Со мајка ми сум ептен блиска. Таа ми е како најдобар пријател и се случува често само таа да знае нешто и никој друг.

Среќна сум поради тоа што имам таков однос со неа и можам во секое време да сметам на неа, за совет, за помош, за среќен, тажен момент.

Татко како татко, секако си има свој заштитнички став кон ќерката. Тој е малку поповлечен, но доста емотивен.

Мојата сестра има 11 години, па се трудам уште од мали нозе да ја научам да оди по прав пат и секогаш да сум ѝ поддршка во сè.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-14.jpg

Имаш ли хоби? Како сакаш да го минуваш времето кога не си посветена на модата?

Не секогаш сум присутна во светот на модата и манекенството, па тоа го правам баш кога имам желба.

Манекенството го сметам како мое хоби и омилено ми е сликањето и снимањето пред фотоапарат.

Обожавам да патувам и доколку би имала прилика би била секоја недела во различна држава. Но, поради работа и обврски, патувам кога имам можност за тоа.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-09.jpg

Си размислувала ли да се занимаваш професионално со моделинг надвор од Македонија?

Искрено досега не, можеби затоа што знам дека надвор од нашата држава е многу построга и подисциплинирана оваа професија, а и си бара посветеност и приоритет само за себе.

Секако дека не би одбила некоја вредна соработка или ангажман, меѓутоа не би ја напуштила за стално својата држава.

Сепак би им посакала среќа на убавите и помлади девојки на кои ќе им се пружи шанса за тоа бидејќи сметам дека на 24 години можеби е веќе и доцна за почеток на светска кариера.

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg