Моника Црнокрак: „Отсекогаш мачев мака со килограмите, но немав притисок да станам манекенка поради родителите“

„Отсекогаш сум имала мака со својот изглед и својата линија и едноставно имам организам кој бара премногу работа. Немам некоја желба за теретана, па преферирам вежбање дома. Додека бев мала постојано одев со родителите на модни настани и секогаш сакав да бидам „прчла“, па ете, можеби од таму и почнаа првите чекори во манекенството. Мајка ми ми ги знае сите тајни, а татко ми е емотивец и мој најголем заштитник“, вели во интервју за CRNOBELO.com Моника Црнокрак, ќерката на Мики и Светлана, која неодамна во Бејрут ја освои титулата Мис фотогеничност на изборот за Miss Europe.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-01.jpg

Моника Црнокрак (24), ќерката на македонските модели Светлана и Мики Црнокрак, неодамна ја освои титулата Мис фотогеничност на изборот за Мис на Европа што се одржа во Либан.

Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, на отсекот за маркетинг.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-02.jpg

И покрај тоа што студирала економија, моделингот ѝ е во крвта. Таа тргна по стапките на своите познати родители, кои ја имаат модната агенција „Црнокрак“.

За само неколку години, младата манекенка освои две титули на интернационални избори на убавина, двете за најфотогенична девојка на изборот.

Во разговор за CRNOBELO.com Моника раскажува за добрите и лоши страни на изборите за убавина, за поддршката од семејството, но и за килограмите со кои мачела мака и поради кои и денес има строг режим на исхрана и фитнес.

Пред неколку дена се врати од Бејрут каде што ја освои титулата Мис фотогеничност на Miss Europe. Какво искуство беше изборот во Либан?

Искуството во Бејрут беше прекрасно. Пред сè тоа значеше запознавање на либанската култура, но и на многу други култури поради присуството на девојките од различни земји од Европа.

Освен тоа, Бејрут е прекрасен град со преубави места што ги посетивме. А изборот како предизвик носи со себе посебни моменти и доживувања.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-04.jpg

Колку беше таму своја и слободна бидејќи со тебе беше твојот татко? Дали тоа ти даваше дополнителна сигурност?

Секогаш сум слободна и своја без разлика кој е во мое присуство. Нормално е да имам поголема сигурност кога тој е тука, меѓутоа тоа не го менува фактот дека треба да се однесувам професионално и на ниво со сите останати девојки.

Татко ми има стекнато огромно искуство околу изборите ширум светот, па кога ќе ми затреба некој совет или помош, тој е најдобредојден.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-03.jpg

Очекуваше ли дека ќе освоиш титула?

Секој треба да си се сака себеси и да има самодоверба дека каде и да се појавиш треба да згазиш.

Очекувано е да си го пронајдеш своето место меѓу сите тие девојки, меѓутоа нормално е на моменти и да се чувствуваш недоволно убаво покрај толку многу убавина.

На изборите е секогаш непредвидливо и најубаво е да си без очекувања, па на крај да се изненадиш.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-05.jpg

Како изгледаат големите избори од аспект на натпреварувач? Колку ви е напорна целата агенда, со проби, патувања, средби?

Секој избор е различен со своја агенда и активности. Деновите се исполнети со многу прошетки, посети на спонзорите кои се задолжени за изборот, средби со целата организација, проби, фотосесии и снимања.

Тимот којшто е задолжен за нас е доволно свесен дека ни е потребен и одмор бидејќи секогаш треба да изгледаме свежи и пред сè средени, па затоа се прави одреден баланс помеѓу сите тие активности.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-18.jpg

Какви се односите меѓу девојките? Дали се сите пријателски расположени или има поделба на кланови, нетрпеливост, борба за титулата? Колку од она што го гледаме во филмовите е исто и во реалноста?

Присутни се разни односи помеѓу девојките. Има девојки кои се пријателски настроени буквално со секого, има девојки што се дружат само по групи и стојат во нивната комфорна зона.

Но, има и девојки кои воопшто не сакаат да шират познанства.

По неколку дена поминати заедно со истите може да се забележи доза на љубомора од страна на некои, непријателски однос, меѓутоа сметам дека тоа е нормално онаму каде што има конкуренција и секој сака да се избори за своето.

Лично, јас сум секогаш пријателски настроена и немам проблем со запознавањето нови луѓе и ширењето пријателства, па секогаш наоѓам некој кој ми станува доста близок во тие неколку дена поминати заедно.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-21.jpg

Ова не е твој прв поголем избор, ни поголема титула… Каде имаш учествувано до сега и кои сè титули си ги освоила?

Првиот избор на кој учествував беше одржан на Кипар, Miss Summer 2018. Таму ја освоив титулата Мис фотогеничност, исто како и оваа сега во Бејрут. И затоа сега си кажав: „Ете ја пак мојата титула“.

Потоа имав долга пауза поради вишокот килограми, но ме издигнаа програмите на Ана Стојанова, која за мене е број 1 и секогаш топло му ја препорачувам на секој.

Вториот избор на кој учествував е World Miss University 2022, одржан во Сеул, Јужна Кореја. Тука, за жал не освоив ништо, меѓутоа се вратив со огромно искуство и преубаво поминато време со останатите девојки.

Во Либан беше мојот трет избор и се надевам дека ќе продолжам да бидам амбасадор на македонската убавина ширум светот.

Сакам многу да патувам и со тоа имам и шанса да видам многу места на планетава.

monika-crnokrak-po-titulata-na-miss-europe-otsekogash-machev-maka-so-kilogramite-no-nikogash-nemav-pritisok-da-stanam-manekenka-poradi-roditelite-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg