Ана Андреевска: „Ми рекоа дека никогаш нема да имам деца – добив близначки со ин витро и трето дете по природен пат“

Најважниот совет кој го доби во битката со неплодноста е…

Жената често се чувствува сама во борбата, но сето тоа е исто толку тешко и за сопругот.

Неплодноста не ја негира нашата машкост или женскост. Никогаш не губете надеж! Побарајте повеќе мислења. И бидете упорни со верба во себе.

Бидете заедно во целиот процес, без разлика на успехот и неуспехот.

Јас посакувам луѓето да сфатат дека неплодноста е емоционален ролеркостер. Ништо не боли повеќе од зборовите „Само релаксирај се и ќе се случи“.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-21.jpg

Паровите кои доживуваат неплодност, исто така, се соочуваат со емоционална исцрпеност која доаѓа со негативните тестови за бременост. Некои парови одат низ третмани за плодност со години, а некои жени и парови доживуваат трајна неплодност.

Секој месец е борба со подигнувањето на нашите надежи, само за да видите како надежите се рушат со секој нареден негативен тест за бременост. Навистина двојките или поединците кои го одат тој пат не сакаат да слушнат дека знаете како им е само зашто вие сте се мачеле неколку месеци.

Едно е да се обидуваш да забремениш, а не добиваш позитивен тест неколку месеци, а сосема друго е неплодноста.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-23.jpg

Колку во Македонија се говори јавно на оваа тема? Имаат ли многу брачни парови проблем со неплодноста?

Кај нас неплодноста сè уште е табу-тема. На оваа тема скоро и воопшто не се говори јавно. Луѓето се плашат, се срамат, кријат од останатите.

Меѓутоа, неплодноста не треба да биде табу-тема, неплодноста не е срам.

Егзактна статистика за стапката на неплодност кај нас не постои, но светските податоци говорат дека 11-15 отсто од двојките во репродуктивното доба имаат проблем со зачнување, а со тоа и потреба од помош од специјалист.

Да разјасниме, денес се говори за неплодност, а не за стерилитет заради фактот дека вториот поим имплицира дефинитивна (неизлечива) состојба, а со современите методи на лекување во огромен број на случаи се лекува.

Неплодноста е здравствен проблем што погодува голем број на луѓе, а особено тешко ја доживуваат жените заради неможноста да го доживеат мајчинството.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-25.jpg

Повеќе фотографии од семејството на Ана:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg