Ана Андреевска: „Ми рекоа дека никогаш нема да имам деца – добив близначки со ин витро и трето дете по природен пат“

Како изгледа борбата со неплодноста, долови ни…

Борбата со неплодност ви го зазема животот, ве блокира на сите полиња.

Познаниците чудно нè гледаа, нè осудуваа зошто сме без потомство, зборуваа од претпоставки зашто не успеваме.

Многу од нив и ни зборуваа зад грб, а имаше и похрабри или поискрени кои нè советуваа за нешто подруго од медицина.

Сè уште се чудам на нивната храброст, како лесно можат да ги кажат тие зборови, а не знаат што поминуваме, имаат храброст да споделат нивно тврдење или некоја приказна која тие ја слушнале.

Ни кажаа дури и да сме посвоеле прво дете, тоа ќе ни донело среќа … Некои одеа со претпоставка дека во нашите раце немаме деца, бидејќи не ги сакаме токму сега, други дека сме себични сакаме да уживаме во животот сами.

Но, има многу повеќе во приказната на бездетен пар, отколку што останатите и незапознаени со ситуацијата мислат и се дрзнуваат да зборуваат.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-04.jpg

Од кој обид беше успешна ин витро постапката? Како изгледаше породувањето?

Како што кажав и претходно, по четири неуспешни инсеменации, дојде ред и на ин витро постапка.

За наша огромна среќа првата ин витро постапка беше успешна и бевме благословени со близначка бременост.

Моментот кога направивме тест преку крв за бременост и добивме висока бета повторно беше вртелешка од емоции и чувства.

Не се надевавме на две, дури и кога ги видовме резултатите од тестот на крв, си реков подобро да отидеме на преглед за докторот да види со свои очи.

Радосни, но и премногу исплашени бидејќи од самиот почеток ни беше укажано дека близначката бременост носи свои ризици, а и мојата историја со настанатата ситуација во мојот организам не нè оставаше мирни.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-19.jpg

По близначките, сакаше ли деца повторно? Како се случи втората бременост? Дали очекуваше?

И пред и по близначките сакав деца и секогаш сум сакала премногу. Ќе излажам ако кажам дека не сакав и не сакам уште деца, ама не смеам јавно да признаам.

Втората бременост беше по природен пат, ни самите не сме свесни како дојде. Во потполност неочекувано. Воопшто не верувавме дека може да се случи такво нешто.

Како жена со редовен циклус и покрај инсеменации, ИВФ, терапии никогаш не ми доцнел циклусот.

Овојпат ми доцнеше дури 7 дена. Многу ми беше чудно, па посакав да направам тест за бременост, да бидам на чисто и бев уверена дека ќе биде негативен.

Но, тестот беше позитивен. По позитивниот тест отидов и на лекарски преглед и ги прашував докторите дали се сигурни дека во мојата утроба е зачнат плод.

Меѓутоа, еве после сè ние докажавме дека никогаш не треба да се губи надеж. Сè се случува.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-15.jpg

Спореди ги првата и втората бременоста? Имаше ли тешкотии?

Првата и втората бременост се неспоредливи, огромна е разликата од бременост со ин витро и бременост зачната по природен пат.

Сепак, стравот од дијабетот и контролата на тироидната жлезда ми претставуваа тешкотии, но во споредба со првата бременост втората беше лесна како песна.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-07.jpg

Што велат докторите, која била причината за лесното забременување по природен пат?

Немам конкретен одговор од ниеден доктор, цело време и јас го поставував истото прашање и добивав одговор дека кај многу парови се случувало ова.

После ин витро им се случувало на паровите да добијат дете по природен пат.

Меѓутоа нејаснотиите за тоа дека никогаш нема да остварам бременост по природен пат, а сепак се оствари никој не ми ги објасни сè уште.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-06.jpg

Тежок ли е патот кој го изоде? Колку поддршката е клучна во процесот? Дали жените во вакви ситуации имаат доволно поддршка од нивните партнери?

За кој било пар или поединец патот до успехот е многу тежок. Некои побрзо, некои поспоро се остваруваат, меѓутоа за сите е тешко.

Поддршката во тие моменти е многу важна, особено од сопругот кој треба да биде до вас кога го одите целиот тој пат. Бидејќи сето тоа е заедничка битка.

За моја огромна среќа, мојот сопруг е најголемата поддршка во мојот живот, а тука се и нашите семејства и блиските пријатели.

Налетувам на многу жени кои се борат сами и многу потешко го поминуваат тој период. Сепак, мислам дека кај нас повеќе од потребна е едукација од стручни лица на таа тема.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-02.jpg

Член си на здружението „Здружение До Бебе по патот на ИВФ“, која е вашата мисија?

Така е, член сум на управен одбор и одговорна за членство во „Здружение До Бебе по патот на ИВФ“.

На 20.01.2020 година беше денот кога со мојата пријателка Зоја го основавме здружението. Тоа беше идеја на Зоја, која претходно реши да ја сподели со мене и да започнеме без многу размислување.

Зоја ја запознав преку Фејсбук групи во моментите на борба со неплодност. Жена која со совети и искуства ми помогна премногу во тие лоши времиња.

Наша среќа беше што и истовремено бевме бремени.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-16.jpg

Нашата мисија во врска со здружението е да докажеме дека заедно можеме да направиме многу повеќе за сите оние парови и поединци, кои се соочиле со најголемиот предизвик во животот.

Сакаме да докажеме и да ги увериме сите дека неплодноста не е табу-тема, неплодноста не е срам.

Да излеземе од рамките на предрасудите и да направиме нешто за себе и за оние кои сè уште се борат, како и оние кои некогаш ќе започнат.

Разбирањето и поддршката значат премногу, затоа сме тука да ја пружиме и побараме едни од други. Затоа го основавме и постоиме. Се бориме едни за други и за уште многу нови успешни и лесни приказни.

Повеќе од потребно ни е функционално здравство и институции кои ќе ни излезат во пресрет.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-22.jpg

Потребно е да го намалиме финансискиот товар на паровите и поединците, затоа што мораме да го олесниме овој пат. Затоа што мислиме дека можеме и сме сигурни дека заедно ќе успееме.

Само на тој начин ќе си помогнеме себеси и на сите оние кои се соочуваат со овој проблем.

Да помогнеме здружението да порасне во среќно и успешно, бидејќи само на тој начин ќе си помогнеме себеси и на сите оние кои се соочуваат со овој проблем.

Ние како „Здружение до бебе по патот на ивф“ се бориме во реализацијата на својата програма и цели, неплодноста не е табу-тема – неплодноста не е срам. Се бориме, едни за други, за уште многу нови и успешни приказни.

Ве повикувам да се приклучите и вие и да придонесете во неговиот раст и развој, бидејќи колку сме повеќе толку сме помоќни.

ana-andreevska-mi-rekoa-deka-nikogash-nema-da-imam-deca-dobiv-bliznachki-so-in-vitro-i-treto-dete-po-priroden-pat-08.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg