Анџела од Тетово: „Чувам питон, полжав, тарантули и две лебарки, змијата неверојатно ме смирува“
Си ги оставала ли повеќе денови сами?
Змијата ја имам оставено сама две седмици кога бев на одмор, но тоа не претставува проблем за неа, затоа што змиите можат прилично долго да издржат без храна, иако не е пожелно да се без храна повеќе од еден месец.
Другите не биле сè уште оставени сами на подолг период.
Змијата како домашен миленик ти се допаѓа затоа што…
Затоа што ме смирува и ме фасцинира нејзината елеганција, грациозност и непредвидливост.
Тарантулата како домашен миленик ти се допаѓа затоа што…
Исто така ми се допаѓа нејзината непредвидливост, брзина, структура, толку мали, а толку моќни и со толку детали.
Што би им препорачала на вљубениците во змии и тарантули, дали се соодветни за домашни миленици?
Тоа е релативно, не секој се чувствува опуштено со такви миленици, но ако некој е љубител на егзотични миленици тогаш зошто да не.
Понекогаш најчесто чуваните миленичиња, како мачки и кучиња, знаат да бидат поопасни. Но, сепак пред да се донесе таква одлука сметам дека треба да се чита и истражува за видот, какви услови бара, дали е безбеден за чување и така натаму.
Повеќе фотографии од Анџела:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело