Марија и Магделена, фит близначки од Кочани: „Делиме банкарски сметки, но дечковци никогаш - луѓето не нè распознаваат“

Koja e вашата најголема животна авантура заедно, покрај преселбата во Германија?

Ние обожаваме да патуваме и доста често го правиме тоа, па секое слободно и „неслободно“ време го користиме за патување.

Имаме доста дестинации од повеќе илјади километри, кои траат повеќе месеци, сами двете на пат, што е доста храбро за девојки, поради што патиштата знаат да бидат доста тешки и напорни.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-05.jpeg

Само оној што тргнал сам на патување знае што значи тоа.

Но, сето тоа се заборава кога ќе ги наполниш очите и душата со сите убавини, архитектура, уметност, разни култури, кои ни ги нуди овој свет.

После секое патување повеќе не си истата личност.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-04.jpeg

Колку време имате живеено во куфери, селејќи се од едно на друго место? На кои места сте биле и имавте ли незгоди притоа?

Нашето најдолго патување или живот во куфери е два месеци возејќи од едно место до друго.

Посетуваме многу места и градови во различни држави како што се Италија, Франција, Шпанија, Андора, Холандија, Гибралтар (Британска Територија). Претежно даваме акцент на Шпанија.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-24.jpg

Незгодите при патување отсекогаш ни дишат во врат. Секогаш нè следат.

Франција, Шпанија знаат да бидат доста ризични кога е во прашање криминалот.

Посебно Шпанија. Таму никогаш не си на чисто што сè може да ти се случи и да ти снема од работите кои си ги понел. Доста пробувале да нè крадат. Некои успеале во тоа, а некои поминале потешко.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-10.jpeg

Интересни случки имаме милион и не можеме сè да доловиме овде. Тоа се прераскажува со кафе муабет.

Интересно е тоа што кога и да отидеме во Барселона ние сме ограбувани (разбивање автомобил, крадење куфери…).

На едно патување ни се расипа возилото и останавме 5 дена на една бензинска пумпа, додека чекавме да се поправи дефектот.

Но, еве пак потенцираме дека сето тоа се заборава и останува еден сладок спомен, кој во моментот и не е толку пријатен, но на крај нè прави посилни и поискусни личности.

Затоа вреди да излезеш од комфор зоната и да искусиш нешто ново.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-14.jpeg

За време на преселбите надвор од Македонија работите онлајн или нешто локално во местото во кое одите?

Последните години работиме онлајн и така имаме можност да бидеме флексибилни.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-03.jpeg

Најдолгата релација која сте ја поминале сами со автомобил? Која е подобар возач?

Нашите патување со возило како што рековме траат доста долго, односно во прашање се 10.000km.

А за подобар возач? Во моментов се искаравме, па да го прескокнеме подобро (ха ха).

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-22.jpeg

Најубавите работи кои ви се случиле досега на патување…

Најубавите работи се тоа што додека шетаме по градовите луѓето доста често нè забележуваат и нè прашуваат дали сме близначки и поради тоа што сме им интересни дека сме исти нè замолуваат да се сликаат со нас.

Навистина премногу убавини има, кои човек не може со зборови и слики да ги пренесе.

Сето тоа само се доживува.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-17.jpeg

Изгледате навистина фит, какви тренинзи практикувате? Која е помрзелива?

Благодариме на комплимент. Се трудиме да бидеме активни.

Долги години тренираме, учествувавме на повеќе Спартански трки, како и на повеќе полумаратони во различни држави.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-12.jpeg

И двете сме доста темпераментни така што мрзеливост не постои ни кај едната, ни кај другата.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-11.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Марија од Охрид изработува декорации со полимерна глина: „Најчесто добивам нарачки за детски роденде... „Првото нешто што го направив беше бележник за книги, па потоа продолжив со деко...
Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо Балерините Стефанија Гаштарска (23) и Марија Крстевски (43) се доказ дека гените...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg