Ведрана Стојановска, експерт за личен развој: „Светот денес е во голем дисбаланс затоа што станавме сè освен луѓе“

Од друга страна, грижата за себе е клучен сегмент за исполнет и среќен живот. На што најмногу треба човекот да обрне внимание, посебно кога станува збор за негување на нашиот внатрешен простор?

Грижата за себе има многу аспекти. Од физичко, ментално па сè до духовно здравје, и се разбира тука спаѓа и просторот.

Но кога ќе видиме, ние сме енергија, а нашата енергија го исполнува и просторот.

Затоа е важно да влијаеме на телото, јас како јога учител сум поддржувач на тоа во денешно време човекот да практикува јога, и веќе кога сум кај неа, на мојот YouTube канал почнав да ставам и бесплатни јога часови за да може да ја практикува и оној којшто не може да си ја дозволи, затоа што од немирот во секојдневието, јогата почна да биде еден неопходен дел од животот на многу луѓе па затоа и стана доста „скапо“ членство во денешно време.

Но, да, со самото влијание на физичкото тело, влијаеме на нашата прана или животна енергија, таа кога е чиста, убава благопријатна и позитивна, влијае и на нашиот ум или смирение, умот влијае на нашите емоции, а убавите емоции на нашиот духовен мир, духовниот мир на нашата душа.

Со мирна душа, спокоен ум и позитивна енергија, невозможно е да имаме лош внатрешен простор.

Што значи енергијата на човекот го создава просторот. Затоа, дружба со убави луѓе, внесување убава храна, негување физичка активност, убави мисли и на крај убави емоции. И душата ќе си го најде својот мир во просторот.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 5

Уверувања можат да направат хаос во нашето постоење. Како да се ослободиме од уверувањата кои едноставно лошо ни влијаат во животот?

Уверувањата се најголемото зло на денешницата за жал, кои најчесто ни се вградени од детството и воспитанието и луѓето не се ни свесни дека ги живеат воопшто. Тие се нормален дел од секојдневието.

Како деца сме растени по еден традиционален македонски менталитет на воспитување како: Пази (природно се ограничува детската љубопитност), немој таму/тоа, немој да скокаш ќе паднеш, не пипкај, ќе скршиш, огледај се на Марија, биди послушна, не биди непослушен ќе те кара чичкото таму, ако не бидеш мирен ќе те земе „старо купујем“, ако не напишеш домашно, нема да излезеш надвор со другарчињата, парите не растат на дрво, Бог ќе те казни ако грешиш итн.

Ова се само некои од некои од многуте искази низ нашето воспитание кои придонеле денес да бидеме многу ограничени во чекорот и храброста да живееме храбар и независен живот без внатрешни стравови и блокади.

Сето ова е огромна, ама огромна психологија, која воедно и ја пишувам во мојата авторска програма за личен развој која ќе излезе наскоро. Преземено од таа едукација ќе цитирам и што значат тие:

„Уверувањата се внатрешни потсвесни програми, перцепции или двоглед кон светот и себеси, кои всушност на потсвесно ниво ни го водат животот онаков каков што го живееме денес. Добар или лош. Сè зависи од уверувањата!“

Затоа што човек кој има убави позитивни уверувања, најчесто живее и многу среќен живот. Денеска и јас сум сведок на тоа.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 12

Автор сте на „Мој личен развој“, психолошки прирачник и водич за среќен живот, на кој начин треба да се пополнува прирачникот и кои се придобивките?

„Мој личен развој“ е нешто посебно за мене. Го пишував и живеев сето тоа што е напишано внатре во едни од најтешките мигови во мојот живот и затоа и толку голем печат има врз мене како автор, воедно беше и моето прво авторско автентично дело.

Сето тоа што го имам напишано внатре е вистински патоказ кон среќен живот. Опфатени се многу теми кои навистина практично помагаат на луѓето за самопомош.

Денеска се докажа дека никој од надвор не може толку да ни помогне, онака како што можеме да си помогнеме самите на себеси… при искрено седнување и соочување со самите себе.

Самото пополнување внатре придонесува за конектирање со себе, правење простор за себе, момент да посветиме време на нашите мисли и емоции, да го организираме денот, да не брзаме, да се фокусираме на она што го сакаме.

Сега, поготово со новото издание имаме и многу внатрешни новитети, кои помагаат и за фокусирање на своите идеи, цели и нивно манифестирање.

Светот е во ек на едно големо духовно будење и креирањето, визуализацијата и создавањето на умствена проекција за својата иднина и желби стана дел од животот на многу луѓе кои свесно го користат законот на привлечност за да манифестираат.

Но, многу е важно да се промени внатрешната негативна перцепција и уверувањата за да може да се стигне до тој стадиум. Но, детално е напишано во делот на книгата на „Мој личен развој“ внатре.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 10

Како го започнуваш денот? Имаш ли посебен ритуал кој ти помага да воспоставиш поголем мир, фокус и креативност?

Да, задолжително имам некој ритуал, но со текот на годините и како што созревам ми се менува.

На пример порано имав ритуал да вежбам аштанга јога и потоа да читам книга со кафе, па потоа малку се модифицираше тоа мое утро, почнав да комбинирам со јога, некогаш медитација, но задолжително нешто беше вклучено, книгата е веќе неизбежен приврзок во утрата, додека сега некако почнав повеќе да се конектирам со самата себе и својата енергија која ја носам тој ден, па комбинирам.

Сега за разлика од порано, вежбам релакс јога која навистина ме конектира со себе низ еден убав утрински flow, па читам книга, или медитирам па почнувам да пишувам бидејќи наутро енергијата ми е најкреативна, станувам прилично рано.

Некогаш пак зимам со мене книги и прирачници и одам покрај Вардар бидејќи живеам блиску, и утрото го започнувам таму со кафе.

Самиот начин на живот и утрото е многу важно каква енергија ќе имаме во текот на денот, затоа е многу важна конекцијата со самите себе на почетокот на денот.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 12

Со ова може да го завршиме разговорот – кои афирмации најчесто ги употребуваш во текот на денот?

Афирмациите си ги давам согласно предизвикот што го поминувам. Но најчесто се поткрепени кон духовна вера, на пример:

  • Што и да се случува, знам ќе се среди иако јас тоа не го знам како во моментов.
  • Знам дека сум секогаш заштитена од Бог и Универзумот, нема потреба да се плашам од ништо.
  • Ова што ми се случува е за некое поголемо добро.
  • Верувам во Божјата интелигенција која ги реди нештата во најдобар можен ред за мене.
  • Колку и да не ја знам иднината или она што доаѓа, сепак знам дека секогаш сум заштитена и водена од повисокото ЈАС.
  • Што и да биде, не може ништо толку лошо да биде, сè е за мое искуство.

vedrana stojanovska ekspert za licen razvoj svetot denes e vo golem disbalans zatoa sto kako lugje stanavme se osven lugje 7

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg