Запознајте ја ледената Македонка Бетика - крши мраз и плива, се капела во Лапонија на -33°C (фото)

„На 18 години ме прегази автомобил, животот ми беше уништен, бев во депресија и качив 20kg... Но, најдов лек во влегувањето во ледени води. Мојот личен рекорд е капење на -33°C во Финска, Лапонија, каде што живеев 2 години. Во Македонија кршам замрзнати езерца за да влезам. Идол ми е Вим Хоф и го следам неговото учење“, споделува Бети Котовчевска – Бетика (27) од Ресен за CRNOBELO.com.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-01.jpg

Бети Котовчевска (27) од Ресен, по професија нутриционист, позната е како Бетика – ледената Македонка.

Таа го следи примерот и делото на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар, кој е светски познат како Ледениот човек (The Iceman).

Бети вели дека има авантуристичен дух и секојдневно се пронаоѓа и во многу разни области, кои наизменично ги изучува. Често патува, мрази монотонија и ретко кога се завртува на исти локации подолг период.

Досега има видено 33 држави 33 различни народи и култури од каде што се надоградувала и учела. Смета дека имаме премногу универзум што треба да биде виден.

Но, најголем предизвик и задоволство ѝ е капење во ледени води и поместување на своите граници. Своите авантури ги споделува на Инстаграм.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-03.jpg

Бети ја пренесува својата приказна за CRNOBELO.com:

Ќе започнам со тешка исповед, но искрена и од срце... Имав само 18 години кога ме прегази автомобил, паднав во тешка депресија кога ми соопштија дека не смеам ниту да одам. Ми рекоа: „Заборави на планините, заборави на ракометот, заборави на сѐ.“

Закрепнувањето беше бавно и тешко. Тоа толку многу ме погоди, затоа што јас бев многу активно, па и би се нарекла и хиперактивно дете.

Професионално се занимавав со ракомет 10 години, ракометот беше мојот живот. И оп, еден ден нема ништо од тоа.

Бев неподвижна, во депресија, бев +20 килограми, сакав да се откажам од животот, ништо не ми правеше смисла. Не знаев како да се изборам. Но, Вим Хоф и неговата филозофија на живот ме спасија.

Мојот подвиг започна пред 7 години на моја 20-годишна возраст, кога се соочував со непознати неискусени чувства во моето тело, коишто требаше да бидат излекувани, затоа што слабееше моето психичко и физичко здравје.

Кога погледнав подлабоко во природата, сфатив дека сите одговори за нашите болести можат да бидат излечени со мајката природа.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-22.jpg

Бев дете со многу слаб имунитет, но имав храброст и волја да се сменам од корен.

Решив да истражувам малку повеќе за подобрување на имунитетот на природен начин, и така дознав за, како што милувам да го кажам, мојот втор татко Вим Хоф. Човекот што ми го промени животот, а во меѓувреме им го променува и на милиони други луѓе.

Се плашев од ладна вода, па решив да запливам во стравот.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-17.jpg

Почнав постепено, без форсирање, чекор по чекор.

Терморегулација се постигнува со аклиматизација на местото каде што планираш да го изведеш своето капење, дали е надвор или внатре, остани со најмалку облека на себеси, аклиматизирај го телото, со длабоко дишење до дијафрагма.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-02.jpg

Дишењето е главна алатка во овој екстремен спорт, морате да дишете бавно и правилно да го смирите вашиот адреналин, затоа што веќе мозокот и телото се под стрес од самиот чин, но дишењето е тоа што ве враќа во перфектен баланс, влегувате опуштени и смирени без никаков додатен стрес.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-02.jpg

Мојот личен рекорд е капење на -33°С во Финска, Лапонија, каде што живеев 2 години.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-07.jpg

Како екстремист по природа, почнав со ладен туш, завршив во екстремна зима и мразови во Лапонија, а кога мразот не ми беше доволен, си направив нов предизвик, па почнав да се капам во истечни води (водопади).

Мора да споменам дека постудено нешто од водопади немам сретнато, а ако сретнам сигурно тоа ќе биде новата цел.

zapoznajte-ja-ledenata-makedonka-betika-krshi-mraz-i-pliva-se-kapela-vo-laponija-na-33-c-foto-05.jpg

Мислата е нашата кочница, смени ја мислата, почни да си веруваш, ќе искусиш чуда.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Роберт Спасенцовски - Џокер за татковството: „Се усовршив да сменам пелена за 6 секунди“ „На Антониа ѝ помагам многу околу синот, нормално, тоа е и мое дете. Имаме пропу...
Maкедонија има талентирани млади луѓе: Филип Велковски е наш кларинетист, кој работи и како модел (ф... „Можеби звучи како клише, но ние музичарите мораме да започнеме од најмала возра...
Филип Поповски беше делегат на ЕП 2024: „Ги запознав принцот Вилијам и Рајан Рејнолдс, снема пиво на... „Рајан Рејнолдс е фантастичен лик. На еден од натпреварите со Хју Џекмен правеа ...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Актерката Маја Андоновска носи накит од баба ѝ: „Таа го наследила од мајка ѝ, го чуваше како најголе... „На главата носев парички нанижани на две ланчиња, прстен со 4 сребрени пар...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg