Спасе Манев, колекционер на важечки банкноти: „Сакам да ја најдам банкнотата од Северна Кореја, ретко кој собира важечки банкноти“

Постои ли точно определен начин на којшто треба да се чуваат банкнотите?

Има специјализирани албуми во кои се чуваат само банкноти, но за жал кај нас во Македонија такви албуми не се наоѓаат, па морав да го порачам од Америка.

Овој начин на чување на банкнотите во албум ги заштитува самите банкноти од оштетување.

Се доаѓа ли лесно до банкноти од целиот свет?

Па искрено и да и не. Од поблиските држави и од тие држави од каде што сме подобро поврзани со летови од Македонија и регионот, се доаѓа полесно до банкноти, но од тие држави што не сме добро поврзани, е многу потешко.

На пример од голем дел од афричките држави е многу тешко да се обезбедат банкноти. Исто така и од некои држави од Азија.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-04.jpeg

Кои се придобивките да се биде колекционер?

Пред сè, како и сите хобија, така и ова е хоби кое ги одвлекува мислите од сите проблеми и стресови кои ни се случуваат во секојдневието, а исто така хобито ме прави повеќе среќен и ми претставува големо задоволство.

Дали освен банкноти си правел и други колекции, какви? 

Во главно во моментов најмногу сум сконцентриран на колекционирањето на банкноти, но покрај банкнотите, колекционирам и други работи, како полудрагоцени камчиња, магнети за на фрижидер, карти за играње, фигури од популарните филмови на Marvel, DC и Star Wars и разни споменчиња од туристичките места што ги посетувам.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-05.jpeg

Како реагираат другите на твојата колекција?

Луѓето ме поддржуваат и ми помагаат.

Многу често се случува пријатели и познаници да ме видат по медиумите и социјалните мрежи и да ме поздрават и да се восхитат на ова хоби.

Дури некои пријатели бараат преку нивни пријатели за да ми помогнат во колекцијата.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-10.jpeg

Постојат ли многу колекционери на банкноти во Македонија?

Колекционери на стари банкноти постојат многу, но колекционери на сè уште важечки банкноти сè уште не сум сретнал во Македонија, иако би сакал, пред сè поради тоа што многу лесно би си помогнале во колекционирањето.

Се надевам дека еден ден ќе се појават некои колекционери како мене на важечки банкноти и ќе си помагаме во колекционирањето.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-08.jpeg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Успешни Македонци низ светот: Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам  „Холанѓанките се негувани и вежбаат сите од 7 до 77 години. Сите прават но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg