Николче има сопруга Украинка: „Ја запросив во Украина, синот ни се роди во Германија, а свадба ќе правиме во Демир Хисар“

Какви се Украинките како сопруги? Го ценат ли бракот како институција?

Мојата сопруга е целосно посветена на нашето семејство, а институцијата брак има огромно значење за неа.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-36.jpeg

Ѝ се допаѓа ли Македонија? Што ѝ е омилено од нашите специјалитети?

Во Македонија има престојувано краток период и не успеав да ѝ ги покажам сите убавини кои ги има нашата држава и добриот, топол народ. Тоа ќе го направам сега ова лето кога ќе бидеме таму подолго на одмор.

Од тоа што успеа да го види таа е воодушевена од нашите планини, природа и секако од Охрид и Охридското езеро.

Воопшто храната во Македонија ѝ се допадна многу, но како фаворити ѝ се тавче гравче и ајвар во комбинација со македонско сирење.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-23.jpeg

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-22.jpeg

Колку беше тежок периодот на разделеност со саканата? Функциониравте ли онлајн?

Откако сме во брак не сме живееле разделено, само во периодот додека бевме како дечко и девојка на 1 месец бевме разделени и тогаш секако дека функциониравме онлајн.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-07.jpeg

Тежок ли е германскиот јазик?

За жал, немав никакви познавања на германскиот јазик пред доаѓањето тука, бидејќи во Македонија работев и комуницирав на руски јазик, кој сега ми служи за комуникација со сопругата.

Што се однесува до германскиот веднаш ќе ви кажам, да, тежок е. Според можностите што ги имам се трудам да научам колку можам повеќе, за да можам да комуницирам на едно солидно ниво.

Сопругата пред породувањето посетуваше курсеви за германски јазик и таа го владее подобро од мене, па така здружено успеваме да се снаоѓаме и ги решаваме тековните процеси.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-06_1.jpeg

Што ви се допаѓа најмногу од животот во Германија?

Најмногу ми се допаѓа системот, иако е малку спор, но сепак функционален е и еднаков за сите. Тоа што не се оптоваруваме со политика и сме далеку од нашата вплетканост на политиката во секој сегмент на општеството.

Чувствуваме социјална и правна заштита од државата, работа може да се најде за секој којшто сака и колку сака да работи, и на крај тоа што се наоѓаме во центарот на Европа.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-38.jpeg

Што ви недостига најмногу од животот во Македонија?

Најмногу ми недостасува мојата активност во спортот и дружбите после секој тренинг, натпревар или турнир.

Секако дека ми недостасува фамилијата, нашите заеднички фамилијарни празници, кафето со другарите и Македонија како моја татковина со сите свои убавини.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-01.jpeg

Каква се цените на храната? Дали се малку пластични овошјето и зеленчукот навистина? Ви недостига ли бурек?

Светската криза си го направи своето и во Германија, цените пораснаа за мал процент, но сметам дека според стандардот цената на храната е сè уште прифатлива.

Често на социјалните мрежи знам да објавам какви се цените на храната во Германија и добивам повратни коментари дека некои производи моментално се еднакви, а некои поскапи во Македонија.

Квалитетот на овошјето и зеленчукот по маркетите е понизок од нашиот во Македонија, но сепак може да се најдат и тука доста квалитетни производи. Еве на пример ние купуваме свежо млеко и земјоделски производи директно од земјоделци и фарми во нашата околина.

Но, мора да признаам, ми недостасува понекогаш топол бурек со јогурт, но и чорба.

nikolche-talevski-ima-sopruga-ukrainka-ja-zaprosiv-vo-ukraina-sinot-ni-se-rodi-vo-germanija-a-svadba-kje-pravime-vo-demir-hisar-21.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg