Сашо Спасовски трча маратони низ цел свет: „Од Скопје и Виена до Африка и Кина – трчам секаде каде што патувам“

Интересна случка за време на некој маратон…

Секогаш има интересни ситуации кога сме на трките, би издвоил дека оваа година 20-тина од нашиот тим бевме дел од полумаратонот во Берлин и вечерта после трката имавме забава за паметење во еден од нивните големи пабови. Се дружевме и уживавме во жива свирка и ние како Македонци први излеговме на подиум да се забавуваме и да играме, по нас сите Германци се придружија и направивме одлична атмосфера.

А како несекојдневна ситуација би го издвоил Порто и целото патешествие да се стигне до стартот на трката. За почеток имав откажан лет на неколку дена од трка, па морав да наоѓам опции за промена. Бидејќи бев сместен покрај реката во Порто каде што постои една улица покрај самата река и токму на таа се трчаше полумаратонот, на денот на трката улицата беше затворена. Тоа ни направи голем проблем како да стигнеме до стартот кој беше 5 км од сместувањето и на саат време пред трка не можевме да најдеме такси и чекавме повеќе од 40 минути.

Од очај да се стигне застанав полиција и ги замолив да повикаат патрола и да не однесат на трка, тие за среќа се сложија откако ги убедив. Во меѓувреме додека чекавме на патролата, конечно се појави такси на 15 мин. пред старт од трката кое веќе беше на повик. Го застанав, влеговме во такси и почнав да го убедувам да го откаже претходниот повик и да објаснувам колку финансии биле потребни за таа трка и од колку далеку доаѓаме за да учествуваме, на крај таксистот се сложи и возеше најбргу што можеше.

За среќа успеа да нè остави на 1 минута пред стартот на трката и така трчајќи без никакво загревање влеговме во боксот на 20 секунди пред да почне стартот. Интересно искуство кое на крај го прославивме сите со добро „Porto wine“.

sasho-spasovski-14.jpeg

Како е ситуација во Македонија во врска со трчањето и трките?

Споредбено со годините наназад, драго ми е што начинот на размислување на луѓето полека се менува и се повеќе стануваат активни со какви било спортски активности, посебно трчањето.

Споредбено со истрчаните резултати пред 4 / 5 години и сега, се подобри трчачи се појавуваат во нашата земја и стануваме одлична трчачка земја.

Освен шампионите и индивидуалци како Дарио, Андријана, Кираџиеви, Атанас итн. кои освојуваат одлични резултати, како во Македонија, така и надвор, мое мислење е дека големо влијание за подобрување на резултатите во трчање се големиот број на тимови кои се појавија во последните години.

Бидејќи присуството на повеќе тимови во државата придонесува да се зголеми компетитивноста, а со тоа влијае на мотивираноста кон трчачите, ова е една од причините бидејќи бележиме се подобри резултати во трчањето.

Би додал и дека со зголемување на трчачите, така и бројот на трки се зголеми во многу градови во нашата земја кои почнаа со организација на трки со успешен број на учесници и претежно се со убава енергија.

Ние како тим скоро на секоја трка се обидуваме да дадеме наша поддршка и да сме дел, најчесто сме присутни во Скопје, Битола, Охрид, Струга, Гевгелија, Кочани итн.

Би додал дека во државата недостасува повеќе тартан патеки и спортски сали каде што ќе помогнат овој спорт да се развива и повеќе млади деца ќе искажат интерес кон овој спорт.

sasho-spasovski-03.jpeg

Совети за секој кој сега започнува со трчање?

Пред сè потребна е желбата и волјата кај секој кој сака да започне да трча, никој не треба да избере спорт кој не го прави среќен и задоволен.

Се разбира, треба да дадеме шанса и простор за некој спорт, да го почувствуваме моментот и енергијата кој ја дава тој спорт и да се увериме дали го сакаме тој спорт. Исто така треба да ја пронајдеме причината од одредена активност која би не мотивирала, дали тоа ќе го правиме поради постигнување подобар изглед и форма, дали подобри резултати и самонадминување или можеби сакаме да најдеме ново друштво покрај спортот.

За почеток потребно е да се купи соодветни патики со добра подлога кои ќе штитат од повреди исто така и соодветна гардероба, посебно за зимскиот период да сме соодветно облечени.

Првите неколку трчанки треба да бидат едноставни, лесни без многу притискање на телото додека се почувствува основата на ритамот со по 3-4 км истрчани за почеток.

Нашето тело работи на автоматизам, постепено ќе се приспособи на трчањето и треба да знаеме да препознаеме кога сме способни да ја зголемиме дистанцата или брзината. Сето тоа се прави со соодветни тренинг програми, но за почеток доволно е со лесни трчања да се изгради основата, да се засака трчањето и телото да влезе подобра форма.

Бидејќи трчањето е индивидуален спорт и трчајќи сам понекогаш делува монотоно, затоа менталниот склоп треба да е силен и да гледаме секогаш на позитивната страна, односно кон зацртаните цели кон кои сме активни со трчањето.

Затоа го спомнав трчањето во тим како една од придобивките во трчање, бидејќи така си опкружен со трчачи и мотивацијата и желбата ти е на повисоко ниво.

Долга е оваа тема, но накратко тоа е основата за тие кои сакаат да започнат или имаат желба да трчаат.

sasho-spasovski-trcha-maratoni-niz-cel-svet-od-skopje-i-viena-do-afrika-i-kina-trcham-sekade-kade-shto-patuvam-04.jpg

Тренираш ли секој ден? Колку тоа ти одзема време? Му пречи ли на семејството?

Трчам од прилика 4 до 5 пати неделно, покрај тоа одам и во теретана во ист ден или во деновите кога не трчам.

Во зависност од следната трка која ја спремам, од прилика трчам помеѓу 60 до 90 км неделно, се разбира ако се спрема маратонска трка тогаш неделната истрчана дистанца е поголема.

sasho-spasovski-05.jpeg

Мојата работа е малку специфична бидејќи работам од дома или од каде сакам, за среќа имам флексибилна работа и можам да си дозволам да истрчам во кое било време во денот. Доколку имате фиксно работно време се разбира дека времето морате да го приспособите да трчате рано утрински пред работа или после работа.

Желбата за трчањето не му пречи на семејството, бидејќи го имаат прифатено како дел од мојот живот и ми е драго што им ја пренесувам љубовта и на нив и имаат желба да трчаат од мојот најмал до најстар член од семејството, притоа ми ја даваат најголемата поддршка и исто така на дел од трките учествуваме заедно или ме бодрат низ трката.

Тоа кое им пречи е моето отсуство, бидејќи скоро секоја втора недела сум отсутен на службени патувања, а трчањето дополнително ме прави да сум отсутен по неколку дена и да имам брз и динамичен живот, кој не е лесно прифатлив.

Исто така и ангажираноста кон нашиот тим да функционира успешно бара многу време и пожртвуваност и сето тоа ми одзема дел од денот.

sasho-spasovski-trcha-maratoni-niz-cel-svet-od-skopje-i-viena-do-afrika-i-kina-trcham-sekade-kade-shto-patuvam-06.jpg

sasho-spasovski-trcha-maratoni-niz-cel-svet-od-skopje-i-viena-do-afrika-i-kina-trcham-sekade-kade-shto-patuvam-05.jpg

Дали Македонците сè повеќе се занимаваат со овој спорт?

Ако пред повеќе од десетина години беше чудно и ретко да видиш некој како трча, со тек на годиниве, посебно во последните 5-6 години трчањето движи во добар правец.

Се разбира, дека интернетот и лесно достапните информации стигаат до сите нас и кога си опкружен со информации или активности кои ти ги пласираат, барем кај дел од луѓето ќе допре желбата и мотивацијата да станат активни и да трчаат.

Според бројот на трчачи, нашево општество сè уште е далеку од прифаќање на трчањето како нивен животен стил, но движи во добар правец и за сè треба време, добар маркетинг кој ќе го презентира трчањето и луѓе кои имаат волја и енергија да го пласираат тоа.

sasho-spasovski-02.jpeg

Кои ти се плановите за наредна година во врска со трчањето?

Планирам во 2023 година да истрчам во Рим, Виена, Истанбул, Солун, Гетеборг на полумаратонски трки 21.1 км, а Париз, Берлин и Валенсија на маратонска трка 42.2 км.

Во план ми е да ги истрчам и Њујорк, Лондон и Бостон маратоните, но најверојатно тоа ќе ми биде фокус во 2024 година ако сè оди според планот.

На домашен терен во нашата држава остануваме со трките кои секоја година ги трчаме, фокусот е на Скопски маратон и Скопје ран 10к, исто така и трките во Битола, Струга, Гевгелија и можеби и Охрид доколку не трчам надвор од Македонија тој викенд.

Повеќе фотографии од Сашо и тимот TRIOLOGY ACTIVE TEAM:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg