Дарко Ангеловски, пожарникар и одбојкар: „Опремата ни тежи 20kg, во случај на пожар ставете влажна крпа на лицето“
Возењето со противпожарно возило низ скопските улици е…
Адреналинско пред сè и, за среќа, најчесто брзо се стигнува до дестинацијата.
Кои се најчестите причини за избувнување на пожари?
Човекот е најголем фактор за пожарите. Дефинитивно!
Најдобрата страна на професијата и најлошата страна на професијата…
Хуманоста во работата што ја пружа професијата, а најлоша не дај Боже некоја несакана повреда.
Колку е тешко да се ракува со цревото со огромен млаз вода?
Да се навратам затоа и се вежба, но за гасење на пожар не треба многу огромен млаз, туку доволен за да може еден пожарникар да ракува, а вториот што е зад него да му помага.
Колку најдолго траела некоја акција за гасење пожар од која си бил дел?
Го напоменав шумскиот пожар, околу 5-6 часа, а во едно селско подрачје имавме околу 4 часа акција.
Дали имаш кондициски тренинзи секојдневно?
Да и тоа некогаш и по двапати во ден поради потреба од спремност на работа и спремност во спортот, да напоменам сите колеги ја одржуваат кондицијата затоа што професијата си го бара тоа да го имаш во себе.
Опремата на еден пожарникар се сочинува од…
Опрема за затворени простории вклучува: чизми, шлем, ракавици, изолациски апарат, маска за дишење преку апаратот и опремата е потешка од 20 килограми.
На што си најмногу горд?
Горд на самиот себе пред сè, горд на успесите што се зад мене.
Среќен сум што сум опкружен со едни од најдобрите колеги и горд на родителите што ме скроиле ваков.
Кога мислиш на цртаниот филм „Пожарникарот Сем“, дали те има делумно инспирирано за оваа професија?
Иако имам мустаќи, не ми бил инспирација дури и не сум го гледал многу. Другари пријатели ме споредуваат ама сами знаат дека не е така.
Да се биде пожарникар значи да се биде…
Смирен, трезвен, физички спремен, тимски играч (поточно да слушаш наредби) и да бидеш добар човек.
Совет за луѓето во случај на пожар…
Да не се паничи и ако е во почетна фаза може секој да го сопре ширењето на оганот, но ако се соочат со поголема фаза од почетната, само да пробаат да се евакуираат, а ако се заробени во затворена просторија да стават влажна крпа на лице и пожарникарите ќе пристигнат.
Скопјани чувајте се и бидете совесни доаѓа зима, проверувајте ги грејните тела и повеќе пати ако треба.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело