Ана Ежова, модел: „Најтешки ангажмани ми беа со нуркање и во каменолом на 43°C, во Македонија се заработува од мода“
Покрај ангажманот со нуркање, најтежок ангажман ти бил...
Има ангажмани кои знаат да бидат физички предизвикувачки. Сликање во екстремни температури на пример.
Има сликано на 43 степени во каменолом кај што нема „жива сенка“, и имам сликано со најтенки фустани на -7 на смрзнато езеро. Веќе, го споменав и снимањето под вода.
Сликање на покрив на 10-ти кат или на врв на планина кај што мислиш дека ветрот ќе те оддува. А некои снимања се едноставно толку долги, по 16-17 часа активно снимање, што навистина знае да биде исцрпувачко.
Каде имаш патувано досега поради работни ангажмани?
Јас не сум интернационален модел и примарен фокус ми беше академското образование и македонската модна сцена, но сум имала ангажмани во Словенија, Словачка, Србија.
Кој модел ти е идол од Македонија/светот?
Нашите, а светски модели Мартина Павловска и Ивана Манасиевска.
Од кој светски бренд со задоволство ги носиш моделите? Ви даваат ли понекогаш на подарок некои од парчињата?
Да, добиваме облека и модни додатоци на подарок, и до денес со задоволство ги носам креациите кои сум ги добила од нашите дизајнери.
Само двапати ми се има случено дизајнер или директор на бренд после сликање или ревија буквално да ми рече „земи си облека колку што можеш да собереш во раце” и признавам, чувството е супер.
Кога купувам, бирам домашни дизајнери, но купувам и комерцијални брендови, како и винтиџ парчиња.
Што си посакуваш во иднина на поле кариера?
Во поле на лична кариера, имам јасна цел на која работам и која веќе ми почнува да ми се остварува.
Во поле на модната кариера, не знам, сепак ова е професија врзана за физичкиот изглед и ќе оставам природно да си заврши. Мотото ми е - додека ме бараат, ќе одам!
Никој не е имун на притисоците што ги носи кариерата на модел, па и јас некаде на 26-27 години поминав низ фаза во која си мислев „стара сум”, „на време треба да се откажам”, „да не е глупо на 30 години да настапувам заедно со 18-годишни девојчиња” и што уште не.
Дури и си ја „погребав” кариерата, свечено објавувајќи им на соработниците од модните агенции да не ме бараат веќе дека ете, време е за пензија.
Но, понудите продолжија да доаѓаат, ништо посебно не се смени кога наполнив 30 години, освен тоа што ми стана помалку грижа за тоа што мислат другите и почнав повеќе да уживам во работите кои ме исполнуваат.
Така што којзнае, како што модната и козметичката индустрија се отворени за сите возрасти, можеби на 50 години ќе рекламирам креми за брчки и сè уште ќе имам ангажмани. Не размислувам премногу за тоа, уживам додека сè уште трае.