Марија Лозаноска, лектор по македонски јазик: „Знаењето го пренесувам на социјалните мрежи, честопати сум мета на погрдни коментари“

Зошто според тебе луѓето прават толку многу грешки кога говорат и кога пишуваат?

Комбинацијата на неработењето на себе, нечитањето книги, неедукацијата за јазикот општо, си го прават своето.

Сметаат дека јазикот е само за колку да се разбереме не сфаќајќи дека тој е одлика на нашата личност.

Еден интелектуалец знае дека треба да биде писмен и работи на тоа и гледа малку поинаку кон оние кои пишуваат и зборуваат несоодветно.

Секако, не треба секаде да зборуваме стандардно, и не ни мора сите совршено да го знаат јазикот, но има поединци кои воопшто не се ни трудат да звучат пописмено.

Во врска со говорењето, многу ретко се зборува правилниот македонски јазик на медиумите и почнува да се изобличува со текот на времето, па мислиме дека скопскиот е литературен, а не е, и тој е само дијалект.

Медиумите и образованието се тие кои ни го пренесуваат литературниот јазик.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-10.jpg

Колку време е потребно за да направиш едно видео за ТикТок или да подготвиш една објава за Инстаграм?

Објавата за социјалните мрежи некогаш се планира и подготвува подолго време, некогаш се прави во моментот.

Инстаграмот повеќе се планира затоа што се работи за слики или креативи со текст кои треба да бидат поестетски направени, каква што всушност е и самата платформа.

ТикТок е малку поинаков и можам да кажам дека моментално е водечката социјална мрежа и таму се диктираат трендовите, па Инстаграм, Фејсбук и YouTube почнаа да го имитираат.

Видеата таму ги комбинирам на претходно подготвени и на снимени во моментот како одговор на некој коментар или тренд и интересното е што вторите може да поминат многу подобро отколку оние кои се снимени со совршена камера и совршен сет затоа што се поспонтани и поприродни.

Заклучокот е дека креаторот на содржини на социјални мрежи размислува постојано за нови проекти, нема работно време.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-07.jpg

Колку често си жртва на сајбербулинг и малтретирање и како се справуваш со негативни коментари?

Сите оние кои се креатори на содржини на социјалните мрежи се изложени на осуди и коментари од јавноста затоа што творат јавно, впрочем како и кај сите јавни професии.

Ни јас не сум одмината од коментарите, но бидејќи припаѓам на повозрасната група на корисници на интернетот и со тоа имам изграден карактер, можам да се износам со сите тие реакции и зборови, а и искуството во долгогодишното водење социјални мрежи и дигитален маркетинг си го прави своето.

Не сум проблематична личност, не провоцирам и не ставам непристојни и вулгарни содржини, така што и не се сретнувам со непријатни ситуации кои следствуваат на нив.

Меѓутоа, бидејќи креирам содржини поврзани со македонски јазик, а овој јазик сам по себе е чувствителна тема, се сретнувам најмногу на ТикТок со, можам да кажам, одвратни коментари. Тие коментари не се од Македонци, туку од нашите источни соседи кои се задоени со политика од мало до големо.

Не сите, ги има и оние кои нè почитуваат од таа земја, ама најтажното е што многу млади луѓе оттаму се занимаваат со политички засновани конфликти.

Се сретнувам со исмејување, со заканување, со навреди, и затоа мојот профил е филтриран да не излегуваат таквите коментари во јавност, само јас да можам да ги видам, затоа што на моите платформи не е дозволен говор на омраза, а и таа проблематика не дошла од мене, туку е политичка тема, па и не мора јас да се правдам.

Таму сум за креативи, за учење на македонскиот јазик и забавно поминато време. Проблемите со јазикот од тој аспект ги оставам на оние кои ги создале, тоа не е моја работа, не сакам платформите кои ги водам да ги претворам во минско поле.

@marija.lozanoska Replying to @makedonija2883 дали ги знам дијалектите? ? #dijalekt #macedonianlanguage #teacher #makedonskijazik #македонскијазик #македонија #macedonia #makedonija #fyp #foryoupage ♬ original sound - Marija Lozanoska

Кои се 10-те најчести грешки кои би сакала еднаш засекогаш сите да ги научат?

‘Не знам’ се пишува разделено; ‘подобар/најдобар’ се пишува слеано; правилно се пишуваат: евтино, сфаќа (гл.), презема, јаболка (мн.), Нова година, сè уште, месеците и деновите се со мала почетна буква и луѓе – пишувајте на кирилица!

Кои ти се плановите за иднина? Дали кога би имала прилика би сакала да работиш како професор или повеќе ти се допаѓа да работиш како лектор?

Професор и лектор по македонски јазик, иако имаат иста основа, се две сосема различни професии и тука нема споредба.

Професорската работа е благородна, окружен си со млади луѓе, па и возрасни, разменуваш енергии, разговараш и дебатираш околу јазикот, а лекторската е „канцелариска“ и немаш таков контакт со луѓе додека работиш затоа што за време на работата сте само вие и текстот пред вас.

Иако, и лекторската работа многу ја сакам затоа што обожавам да исправам грешки бидејќи мојот хороскопски знак Девица ми наредува постојано да го правам тоа, па така се замолчуваме. Двете би ги работела со задоволство и истовремено, затоа што изводливо е да си лекторираш по часовите. А, плановите за иднина – ќе ги оставам на Оној горе, желбите секако се запишани во моето големо креативно срце.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg