Марија Лозаноска, лектор по македонски јазик: „Знаењето го пренесувам на социјалните мрежи, честопати сум мета на погрдни коментари“

„Можностите за работа со диплома по македонски јазик и книжевност се многу мали, скоро и да се нема избор. На социјалните мрежи се сретнувам со исмејување, со заканување, со навреди, и затоа мојот профил е филтриран да не излегуваат таквите коментари во јавност“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Марија Лозаноска, која на социјалните мрежи е позната како „лекторката“.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-01.jpg

Марија Лозаноска (35) е професорка по македонски јазик и книжевност и лиценцирана лекторка по македонски јазик. Своето знаење Марија редовно го пренесува преку нејзините објави на социјалните мрежи каде упатува на најчестите правописни и правоговорни грешки и на тој начин дава свој придонес во зачувувањето на македонскиот јазик, а оние што следат Инстаграм и ТикТок ја знаат како „лекторката“.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-03.jpg

Марија потекнува од Кичево, но во последните неколку години живее и работи во Скопје, а во интервју за CRNOBELO.com открива за тоа како дошла до идеја сопственото знаење да го споделува на социјалните мрежи, колку е лесно да се најде работа како лектор, но и со кои предизвици се соочува заради сопствените објави.

Таа се обидува на креативен начин да укаже на грешките што најчесто ги правиме при пишувањето, а не крие дека честопати е мета на сајбербулинг и навреди затоа што се обидува да ја крене свеста за употребата на македонскиот литературен јазик.

Проследете го во целост интервјуто на Мaрија за CRNOBELO.com:

Како се станува лектор по македонски јазик?

За да се стане лектор, мора да имаш завршени студии на Филолошкиот факултет на Катедрата за македонски јазик и прв предмет да ти е македонски јазик. Јас дипломирав таму пред десетина години во комбинација со книжевност. По завршувањето (не е задолжително туку според желба) се полага испит за лектор на Институтот по македонски јазик поддржан од Министерството за култура.

Испитот не е нималку лесен затоа што ни нашиот јазик не е лесен. Дозвола за лекторирање имаат и оние македонисти кои имаат магистрирано и докторирано во областа на македонскиот јазик без да мора да го положат испитот.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-08.jpg

Може ли во Македонија да се живее со диплома по македонски јазик и книжевност?

Можностите за работа се многу мали, скоро и да се нема избор. Единствено можеш да работиш во државно основно или средно и можеби во некое приватно училиште.

Македонскиот јазик не е воопшто искомерцијализиран и се става на маргините, а доколку државата го среди овој проблем со модерни решенија, песната ќе биде друга.

Овој јазик е зборуван од мала маса луѓе во светот, не е толку баран, но од друга страна таквите ретки јазици се повеќе почитувани надвор од земјата затоа што не се сретнуваат често со некој кој може да ги научи како во случај со англискиот, германскиот, шпанскиот итн.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-06.jpg

Кои јазични грешки најмногу те нервираат кога ќе ги видиш во пишаните медиуми или на социјалните мрежи?

Премногу портали изникнаа како печурки на македонскиот пазар и квалитетот паѓа сè повеќе и повеќе затоа што работат со copy paste и со Google translate и сето тоа изгледа трагикомично.

Да не зборувам за бомбастичните наслови кои предизвикуваат стрес и ужаснување, и непроверените податоци и нејасните реченици во текстот кои ни создаваат каење зошто сме ги кликнале.

Замерките се бескрајни. Секако, чест на исклучоци.

За оваа работа се потребни креативни и писмени луѓе кои добро си ја знаат својата работа, сепак не треба така да се игра со умовите на луѓето.

Кога се работи за оние кои не ги користат социјалните мрежи професионално, гледам да не им забележувам затоа што забелешките ќе немаат повторно крај.

5 ипол или 5 и пол? 13-тиот или 13-иот?

Правилно е 5 и пол (пет и пол) затоа што ‘и’ и ‘пол’ се два збора.

Во ‘тринаесеттиот’  правилно е 13-тиот затоа што основата на зборот е ‘тринаесет’ и е број, понатаму ‘тринаесетти’ е реден број, а наставката –от е всушност членувањето – таква „математика“ се прави во јазикот.

marija-lozanoska-lektor-po-makedonski-jazik-rabotata-na-socijalni-mrezhi-nema-rabotno-vreme-chestopati-sum-meta-na-pogrdni-komentari-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg